5 совети од Кајли Џенер за совршено селфи

Мал број луѓе се сеќаваат на времето кога не постоеја селфи фотографиите. Секој од нас барем еднаш направил ваква фотографија – во автомобил, во тоалетот во омиленото кафуле или пак во нашиот дом. Постојат неколку начини на кои можете да го усовршите ваквиот вид фотографија, а ние ќе ви дадеме 5 совети од Кајли Џенер кои ќе ви помогнат во тоа.

5 совети од Кајли Џенер за совршено селфи

1. Хајлајтерот е задолжителен

Доколку Кајли Џенер е по нешто позната, освен по кармините во мат нијанси, тогаш тоа е беспрекорно нанесениот хајлајтер на образите. Секако, не мора да се ограничувате само на овој дел од лицето. Вашиот омилен светкав производ можете да го нанесете и на останатите хајлајт-точки – на носот, брадата и на средината на челото.

2. Внимавајте на осветлувањето

Доколку не ви се допаѓа ниедна ваша селфи фотографија, тогаш проблемот најверојатно е во осветлувањето. Како и за секоја фотографија, така и за селфито, клучот е во природното осветлување. Наместо да се фотографирате во некој темен агол, застанете до прозорецот и чкрапнете. Од голема помош ќе ви бидат и специјалните маски за телефон со вградено светло, каква што има и Кајли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

3. Селфи во огледало

Доколку мислите дека селфито подразбира само фотографирање на лицето, се лажете. Прифатете го советот на Кајли – кога поминувате покрај огледало и ви се допаѓа она што го носите тој ден, слободно фотографирајте се!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

4. Пронајдете ја вашата омилена поза

Порано Кајли Џенер постојано се фотографираше со раката пред уста, но повеќе не го прави тоа. Сега изгледа омилена поза на младата ријалити ѕвезда е со благо поткрената глава на страна и задолжителен продорен поглед директен во камерата. Без разлика дали ви се допаѓа оваа поза или не, пронајдете ја онаа која најмногу ви одговара вам и за која мислите дека најдобро ви прилега.

5. Бидете спонтани

Дури и ако ја пронајдете омилената поза, тоа не значи дека одвреме-навреме не треба да бидете спонтани. Фотографирајте се во профил, насмевнете ѝ се на камерата или направите нешто што вашите следбеници не го очекуваат од вас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Прочитајте и кога е најдоброто време да објавите фотографија на Инстаграм!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар