5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба

Замислете дека седите некаде со друштво, си разговарате и се присетувате на некои работи од минатото. Дали со носталгија се присетувате кога сте купиле нов телевизор или телефон, или на некоја случка која има посебно место во вашите спомени? Така станува јасно на што вреди да се трошат пари, а на што не.

5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба

Не вреди да се трошат многу пари на…

1. Електронски направи

Електронските направи се многу потребни во денешно време, но не мора да се трошат многу пари на нив. И евтините уреди можат да ја извршат истата функција за помалку пари, додека скапите не носат поголемо задоволство. И онака веќе следната година ќе излезе нов поубав смартфон, па зарем вие постојано ќе купувате нов иако стариот добро ја врши истата работа како и новиот?

2. Декорирање на домот

Постојано излегува некој нов помодерен начин на украсување на домот со нешто ново. Истото можете да ги направите и без да потрошите илјадници денари користејќи ја сопствената креативност или помошта од некој близок.

3. Автомобил

Каков автомобил и да купите, тој ќе ве однесе од точка А до точка Б, и толку. Па сега сами размислете колку често треба да го менувате автомобилот за тој да биде нов и убав и што ќе постигнете со тоа.

4. Облека по последна мода

Не треба да имате чувство на вина поради тоа што сакате постојано да си купувате нови парчиња облека, но ако запнете да купите нешто супер скапо, тогаш треба да имате предвид дека што и да е тоа сигурно нема да ви донесе задоволство кое ќе биде правопропорционално со цената.

5. Накит

Убаво е да се има убав накит за некои прилики, но повторно, не вреди да се трошат премногу пари за нешто кое ретко се употребува и не може да ве исполни.

5 работи за кои не треба да трошите многу пари и 5 работи кои за треба

На што треба да се трошат пари?

1. Едукација

Учењето нови работи ќе ви го прошири погледот на светот и ќе ви овозможи работите да ги гледате и искусите на поинаков начин. Разните курсеви и семинари понекогаш се доста скапи, но има такви кои навистина вредат за парите, а она што ќе го научите ќе ви овозможи и многу добри искуства понатаму. На пример, со курсот по странски јазик ќе можете да комуницирате со странци и сл.

2. Патување

Патувањето дава некои од најдобрите искуства за кои човек може да мечтае. Излегувањето од комфорната зона и запознавањето на светот носи возбуда од која лесно остануваат спомени. За тоа требаат пари, но вреди да се потрошат за едно такво искуство.

3. Музика

Не двоумете се дали да потрошите пари за да научите да свирите на некој инструмент. Можеби добро ќе ви тргне и тоа ќе биде нешто на кое ќе ги учите вашите деца и внуци. Исто така би можеле да посетите концерт на некој изведувач кој не го познавате добро, па можеби после тоа секојдневно ќе уживате со неговата музика.

4. Книги

Можете да купите и користени книги, можете и да ги позајмите од библиотека, но ако никаде не можете да го најдете она што сакате да го прочитате, дозволете си да платите малку повеќе. Книгите се средство за патување во нови светови додека сте удобно сместени некаде и затоа вредат за парите.

5. Храна

Вреди да се потроши некој денар повеќе за здрава или за вкусна храна. Вреди да се потрошат пари на поздрава храна поради придобивките за здравјето, но секако дека може да потрошите и на некој вкусен специјалитет кога патувате некаде. Убавите вкусови долго се паметат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар