Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

Добро е познато дека лимонот носи бројни бенефити за организмот. Богат е со витамини кои ни се многу потребни, помага во процесот на губење на килограмите, помага во борбата со настинките итн. Добрата работа во врска со тоа е тоа што може да се употребува цел.

Зошто треба да ги замрзнувате лимоните?

Интересно е тоа што во неговата лушпа има дури и до десет пати повеќе витамини отколку во неговиот сок. Лимоновата лушпа силно се бори против разни бактериски инфекции, се бори со паразитите, го регулира крвниот притисок, а има и антидепресивни и анти-стрес состојки.

За да можете да ја употребите, замрзнете еден цел лимон, а кога ќе биде добро замрзнат изрендајте го. Потоа можете да го употребувате како додаток во супи, салати, десерти, сладоледи, житарки и секаде каде што ќе посакате. Освен што ќе додаде одличен вкус, на тој начин ќе можете да ги соберете и сите бенефити кои тој има да ги понуди.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар