5 причини зошто туѓото мислење не смее да ви биде важнo

Човековата природа е таква што секој човек посакува да биде сакан од што е можно поголем број луѓе. Од една страна тоа е во ред, но некогаш знаеме да ги преминеме границите и да направиме нешто што би ги загрозило нашето его и интегритет само за да задоволиме нечии потреби.

Всушност, тоа зависи од тоа колку очајно ви е потребно туѓото одобрение, колкава среќа и задоволство тоа ви носи и колку сте спремни да ризикувате и вложите поради тоа задоволство. Ако сѐ уште сметате дека вреди да се направи секаква жртва поради тоа мало задоволство, погледнете ги овие 5 причини зошто туѓото мислење не треба да влијае врз вас и повторно размислете.

0-5-pricini-zosto-tugjoto-mislenje-ne-smee-da-vi-bide-vazno-kafepauza.mk

1. Луѓето веруваат само во она во што тие сакаат да веруваат

Ова е многу важна животна лекција која сите ја учиме порано или подоцна. Можете да бидете најсовршеното човечко суштество на планетава (иако такво не постои) и пак некој да ве мрази. Честопати на сите низ главата ни поминуваат мисли од типот: „Дали нешто погрешно направив?“, „Можеби ако се потрудам да изгледам поубаво ќе имам подобри резултати“ или „Можеби не се трудам доволно?“ Ваквото размислување може само да ви наштети. Факт е дека без разлика што ќе направите, секогаш, некому нешто ќе му смета. Нема начин и нема потреба да го промените тоа, само да го прифатите. Колку побрзо го прифатите ова, толку полесен ќе ви биде животот.

2. Не треба да ве интересира што луѓето мислат за вас

Колку повеќе се грижите што луѓето мислат за вас, толку повеќе тоа штетно ќе влијае врз вашата психа. Ако вашето гледање на животот се темели на туѓото мислење, тогаш таквите мисли лесно ќе преминат и во ваши. Дали навистина сакате да бидете скулптура која ќе оставите други да ја моделираат наместо вас? Дали навистина сакате туѓите очекувања за вашиот живот да станат ваш приоритет?

Бидете слободни, размислувајте и дејствувајте онака како што вие сакате. Исто како што вашите мисли за другите луѓе се само ваши, така и туѓите мисли за вас се само нивни и тие треба најмалку да ве интересираат вас.

1-5-pricini-zosto-tugjoto-mislenje-ne-smee-da-vi-bide-vazno-kafepauza.mk

3. Луѓето не се грижат ни приближно толку многу колку што вие мислите

Ќе бидете озборувани, осудувани и критизирани, особено ако имате среќа да бидете популарни и интересни личности. Но тоа не смее да допре до вас. Тешко е да се признае, но вистината е дека човекот е себично суштество.

Не секогаш тоа е негативно, но секој човек се труди да си посвети што е можно повеќе внимание на себеси. Па значи, доаѓаме до заклучок дека додека се ние грижиме што луѓето мислат за нас, тие всушност се преокупирани со себеси за да мислат на некој друг.

4. Ничие одобрение не ви е потребно

Чувството да сме обожувани, пофалени и да ни се восхитуваат е прекрасно. Секој човек кој ќе ви рече дека пофалните зборови не му годат, знајте дека ве лаже. Да добиете одобрение и пофалба за направеното или реченото е одлично, но бидејќи не можете да контролирате ничие мислење, на крај тоа може да ве полуди.

Мора да сфатите дека вам всушност ничие одобрение не ви е потребно. Се работи за вашиот живот, затоа и одлуките треба да бидат ваши. Од голема важност е да разберете дека без разлика што ќе направите и како ќе го направите, секогаш, ама баш секогаш ќе постои некој кој ќе ви противречи и ќе ви се спротивстави. Затоа што и да правите, правете го за вас.

5. Луѓето кои замеруваат не се важни, оние кои се важни не замеруваат

Постои нешто што нѐ тера да ги натераме да нѐ сакаат оние на кои не им се допаѓаме. Можеби тоа го сметаме како предизвик, или сакаме да им докажеме дека грешат, но без разлика на сето тоа, ова е бескраен круг кој води кон многу повеќе разочарување отколку лично задоволство.

Зошто би се занимавале со таквите луѓе, кога постојат луѓе кои ве прифаќаат и поддржуваат онакви какви што сте? Некогаш толку многу се фокусираме на тоа луѓето да нѐ сакаат, што ги занемаруваме оние кои се секогаш тука. Овие луѓе се најважните во вашиот живот, затоа што тие се тука, без разлика на сѐ. Да ве поддржат, да ве сакаат и да се грижат за вас. Нив никогаш не мора ништо да им докажувате нити пак да ги импресионирате. Тие се импресионирани од самите вас, онакви какви што природно сте. Кога ќе ги пронајдете ваквите луѓе посветете им го вашето внимание наместо да се трудите секому да му се допаднете.

2-5-pricini-zosto-tugjoto-mislenje-ne-smee-da-vi-bide-vazno-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар