5 причини зошто секогаш „паѓате“ на лоши момци

5 причини зошто секогаш „паѓате“ на лоши момци

Ако имате лоши спомени со вашите бивши, сигурно барем еднаш сте се запрашале зошто постојано завршувате со погрешните момци. Постојат неколку можни причини, а добрата вест е што откако ќе ги откриете, вие ќе можете да го промените своето однесување. Кога тоа ќе се случи, конечно ќе можете да го пронајдете совршениот партнер.

1. Се плашите да бидете сами

Ако поради стравот од осаменост секогаш им давате шанса на фраерите што не ве заслужуваат, потсетете се дека е многу поздраво да бидете сингл и среќни отколку тажни во врска со маж што воопшто не ве цени.

2. Сакате да ги поправате луѓето

Едно е да дадете шанса на некој што не е совршен, а нешто сосема друго е постојано да бидете со момци што сакате да ги поправите и обликувате во личноста што би била идеална за вас. Не гледајте во потенцијалот на личноста, туку во тоа што тој е во моментот.

3. Страдате од синдромот „грдото пајче“

Ако мислите дека едноставно не заслужувате некој што ќе биде добар кон вас и дека не можете да најдете нешто подобро од фраерот што ви нанесува само бол, тогаш дефинитивно станува збор за овој синдром.

4. Мислите дека МОРА да бидете со некој

Голем број жени сте во врска само затоа што сметаат дека би биле доживувани како чудни или несакани ако се сингл. Ако помалку ви е важно каков е овој човек отколку тој да биде со вас, цел живот ќе наидувате само на лоши момци.

5. Страв ви е да го барате тоа што го заслужувате

Дури и ако знаете дека заслужувате подобро, тоа ништо нема да значи ако не инсистирате на него. Ова е знак дека ви недостасува самодоверба, и ако постојано дозволувате другите да ве третираат лошо, никогаш нема да ја зголемите самодовербата.

Овие девојки никогаш не завршуваат со лоши момци, а ние ви ја откриваме нивната тајна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар