5 причини зошто да одите сами во кино

5 причини зошто да одите сами во кино

На многу луѓе не им е проблем сами да отидат на кафе, во теретана, на пешачење и слично. Но кога станува збор за одење сам во кино, речиси сите го избегнуваат тоа. Па, која е причината?

5 причини зошто да одите сами во кино

Ова била темата за истражувањето на Ребека Ратнер и Ребека Хамилтон. Тие ги замолиле нивните испитаници да предвидат како би се чувствувале ако излезат сами и да одберат која активност би им била најмалку забавна. Се покажало дека излегувањето од удобната зона има најдобро влијание.

Од поврзување со самите себеси, до подобрување на менталното здравје, одењето сами во кино може значително да ви го подобри квалитетот на животот. Овие работи ќе ви го докажат тоа.

1. Ѝ одолевате на анксиозноста

Иако за интровертите одењето сами во кино звучи како навистина лоша идеја, штом ќе се охрабрите и го надминете стравот, ќе се чувствувате значително подобро. Анксиозноста што ни ја создаваат непознатите ситуации е сосема природна и својствена за механизмот за одбрана. Но, оваа активност ќе ви помогне да ја намалите.

2. Ќе уживате во филм што навистина сакате да го гледате

Колку пати сте го гледале филмот што сте сакале кога сте оделе во кино со друштво? Кога одите сами, изборот е целосно ваш. Ако сакате да гледате семеен филм, но немате дете и поради тоа би се чувствувале како да не припаѓате, немојте да си го правите тоа. Отидете да го гледате филмот што навистина го сакате. Не мора на никој да му го објаснувате вашиот избор.

3. Имате време само за себе во сегашниот момент

Кога ќе ги изгаснат светлата и кога ќе почне филмот, ќе заборавите на грижите што ги имате. Ќе заборавите на проблемите од работа и конфликтите со семејството или партнерот. Ова е време за опуштање.

4. Не сте во центарот на вниманието на другите луѓе

Вистина е дека повеќето од нас зависат од мислењето на другите луѓе. Неретко мислиме дека сите погледи се вперени во нас, дека секој ги забележува нашите недостатоци и дека одењето сами во кино ќе направи другите да нѐ гледаат чудно. Но, најверојатно луѓето ќе си помислат дека сте храбри и дека го живеете својот живот. Покрај тоа, во текот на филмот никој нема да ве гледа и да мисли на вас.

5. На крајот ќе се чувствувате како да можете да го освоите светот

По завршувањето на филмот ќе се чувствувате како нова личност. Нема само да бидете опуштени и исполнети, ова искуство ќе направи да се чувствувате како да не постои нешто што не можете да го направите сами.

Прочитајте ги овие неверојатни факти за кината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар