10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

Секогаш е подобра идеја да се гледа некој популарен блокбастер во кино, на голем екран, отколку дома. Токму поради оваа причина, сите обожаваме да одиме во кино. Но, каква би била вашата реакција ако дознаете дека персоналот во киносалите ве нагледува? Кината кријат многу нешта од нас, па персоналот којшто работи во нив, решил да сподели неверојатни приказни и искуства, со остатокот од светот.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

Во продолжение, дознајте ги овие 10 факти за кината, коишто веројатно не сте ги знаеле досега (освен ако некогаш сте работеле или работите во кино)

1. Најголемиот дел од профитот не се заработува од продажбата на карти

Можеби ова звучи чудно, но кината заработуваат повеќе пари од продажбата на пуканки и газирани сокови, отколку од продажбата на карти. Тие мораат да им платат многу пари на филмските студија во првите два месеци од дистрибуцијата. По истекот на првите два месеца, целиот профит му припаѓа на киното. Токму ради оваа причина, некои филмови се прикажуваат дури шест месеци после премиерата.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

2. Во кината се создава многу пиратерија

Пиратството е лошо за филмската индустрија, меѓутоа многу луѓе ги посетуваат киносалите на премиерата на филмовите, само со цел да го снимат на камера новиот филм. Персоналот во кината се обидува да го спречи тоа, преку отстранување на престапниците од салите. Во САД, Кинематографската асоцијација на Америка, ги охрабрува ваквите мерки, наградувајќи го секој вработен со 500 долари, доколку успее да спречи кражба на филм. Ваквата награда е добра мотивација и надополнување на платата на вработените.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

3. Малолетната публика гледа филмови наменети за возрасни

Во многу киносали постојат обиди да се спречат овие ситуации, но сепак се случува многу често. Трикот за провлекување во салата на малолетниците, е да се купи карта во моментот кога два филма започнуваат да се емитуваат во исто време, а едниот од нив не смеат да го гледаат малолетни лица, без присуство на родител. Вработените во кината, не можат секогаш да проверуваат каде ќе отидете откако ќе ја купите картата, па малолетниците го злоупотребуваат тоа.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

4. Гледачите плачат, завиваат и трчаат кон излезот низ ходниците

Која е вашата најсилна и најчудна емоционална реакција на филм? Сигурно некогаш ви се случило да се расплачете, бидејќи одредена сцена ве погодила?! Можеби пак, сте се фатиле себеси како го вртите лицето на страна од екранот, бидејќи сте виделе нешто одбивно или страшно? Во кината, многу луѓе не умеат да си ги задржат емоциите за себе и тоа е сосема нормална појава. Така на пример, во текот на емитувањето на филмот за човекојадци „Raw“ (Сирово), неколку посетители на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, во 2016 година се онесвестиле, а еден од нив сериозно си ја удрил главата при падот. Ова е само една од многуте приказни, кои вработените во кината можат да ги раскажат. Поради ова, тие имаат секогаш имаат при рака комплет за прва помош.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

5. Постојат креативни начини да внесете храна во салата

Можеби не ви се допаѓаат пуканките или другите грицки, коишто се продаваат во кината, но строго е забрането е да внесувате храна купена од друго место. Без разлика на забраната, многу луѓе го прекршуваат ова правило и секој вработен во кино посведочил внесување на храна од страна на посетителите. Понекогаш, безбедносните камери успеваат да ги уловат овие моменти, но сепак се случува. Така на пример, еден пар ставил еден куп храна во количката на нивното бебе и така влегле во салата. Девојката од сликата подолу, се провлекла со тестенини ставени во зипер – кеси и ги внела во киното.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

6. Многу луѓе избегнуваат да гледаат 3Д филмови

Изгледа дека на „златната ера“ на 3Д филмовите ѝ се приближува крајот, но не поради тоа што картите се поскапи или бидејќи очилата се честопати изгребани или преголеми. Постои друга многу поважна причина, зошто треба да одберете 2Д, наместо 3Д филм. Кога ќе ги ставите 3Д очилата, вие сте во илузија дека сте внатре во филмот, а тоа го збунува и излудува вашиот мозокот. Средното уво, коешто е одговорно за рамнотежа, му кажува на вашиот мозок дека не сте во движење, бидејќи седите мирно на столица. Овој дисбаланс, предизвикува физичка неудобност кај многумина, додека гледаат филм во 3Д.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

7. Доколку нешто не е во ред со сликата, работникот зад проекторот нема да ви помогне

И покрај тоа што филмскиот проектор мора да биде испрограмиран во текот на денот, сепак имајте на ум дека никој не седи во кабината додека вие гледате филм. Дигиталните уреди можат секоја операција да ја извршат самостојно и голем број процеси во денешно време се комплетно автоматизирани, за разлика од претходниот век. Поради ова, запомнете дека доколку се појават некакви проблеми со проекцијата (на пример, сликата е матна, не е центрирана и слично) ќе морате да станете од седиштето и да го известите персоналот во лобито. Тотално е бескорисно да викате накај момчето во кабината зад проекторот, од едноставна причина што нема никој таму!

8. Киносалите се полни со ѓубре во текот на викендите

Кусата пауза помеѓу два филма, не е доволна за персоналот целосно да ја исчисти салата. Поради ова, може да забележите дека подот е леплив или да пронајдете мастика под вашето седиште. Ако чистотата ви е многу важна, одете во кино преку ден и избегнувајте да го посетувате во петок и сабота навечер, кога кината се полни со посетители.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

9. Во кината честопати има кавги, па дури и тепачки

Конфликт може да избие каде било, вклучително и во киносала. Можеби ви изгледа дека во кино нема апсолутно никаква причина за кавга и никој не би употребил физичка сила за да го одбрани филмот што го сака. Меѓутоа, луѓето коишто сакаат да се тепаат, секогаш ќе најдат причина за да го направат тоа. Можеби, некој им го украл местото за паркирање, имале вознемирувачки телефонски разговор во текот на прикажување на филмот или некој џвака пуканки премногу гласно. На интернет, има многу видеа од вакви тепачки во кината.

10 факти за кината, коишто дефинитивно ќе ве шокираат

10. Вие сте постојано надгледувани

Во секое кино, има камери кои се насочени кон седиштата. Ова не е само безбедносна мерка, туку и помага да се спречат кражбите и тепачките во киносалите. Исто така, благодарение на овие камери, персоналот во кината може да ги забележи и избрка љубовните парови, коишто се премногу интимни на нивните „љубовни седишта“. Затоа, имајте на ум дека ако решите да гледате филм со партнерот во задните редови, голема е веројатноста дека сте надгледувани.

Кои од овие факти за кината најмногу ве изненадија? Доколку сте вработени во киносалите во Македонија, можеби имате некоја интересна приказна да споделите со нас? Ве охрабруваме да го направите тоа, во коментар подолу.

Може да ве интересира и што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар