Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Можете ли да си замислите да гледате филм во кино без да јадете пуканки? Луѓето генерално веруваат дека пуканките се најпопуларната храна во сите кина во светот. Меѓутоа, различни земји имаат различни сфаќања околу тоа која храна оди најдобро со гледањето филмови. Луѓето од некои земји претпочитаат малку понеобична закуска од секојдневните пуканки. Во продолжение прочитајте што јадат љубителите на киното ширум светот наместо пуканки…

Грција

Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Луѓето во Грција толку многу го обожаваат нивното традиционално суфлаки што тоа може да се најде насекаде, дури и во некои кина на отворено.

Израел

Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Во Израел, луѓето кои одат во кино најмногу сакаат да јадат вкусни и хранливи топчиња направени од измелени леблебии. Оваа закуска најчесто се служи во пита лепче кое служи како „торбичка“ за топчињата од леблебија.

Мексико

Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Во мексиканските кина и стадиони најчесто се продаваат тостилокос. Оваа улична храна содржи тортиља чипс потопен во лут сос, краставица, хикама, лимонов сок, грав и кикирики.

Финска

Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Кината во Финска нудат голем избор на овошни желе бонбони слични на гумените мечиња.

Кина

Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Во Кина, луѓето кои обожаваат да одат во кино јадат суви посолени сливи, кои се исто така популарни и во Мексико, семки од сончоглед и суви лигњи.

Холандија

Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Чоколадите полнети со крем се многу познати во Холандија и се продаваат во поголемиот дел од кината. Најпопуларни се оние со солен крем. Меѓутоа, ова чоколадо има многу необичен вкус на кој веројатно ќе треба да свикнете пред да ви се допадне.

Продолжете на следната страница за да ја видите останатата храна што ја јадат луѓето во кината ширум светот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар