Најдобриот рецепт за смуди што ќе ви помогне во борбата против вишокот килограми

Ако непрекинато се борите со килограмите, додека истовремено и вежбате, тогаш сигурно знаете колку е важна правилната исхрана. Освен прехранбената вредност, важно е и времето кога ја внесувате ханата во организмот, па токму поради тоа смудито е најпрактичниот избор како замена за помал оброк. Ако притоа имате и рецепт кој активно делува при намалувањето на мастите во телото, можеме да ви гарантираме дека за 15 дена ќе бидете целосно подготвени за летото.

1-recept-za-smudi-koj-znae-kako-da-se-bori-protiv-viokot-kilogrami-www.kafepauza.mk_

Часовите поминати пред лаптопот и смартфони, кои станаа како еден вид продолжување на раката, е секојдневие на многумина. Седечкиот начин на живот, засилен со стрес, носи бројни лоши последици по здравјето на телото и духот. Но, сигурно веќе знаете за кои негативни последици станува збор, бидејќи за нив сте прочитале статија на мобилниот додека сте одмарале од лаптопот. Сепак, постои и светла точка со вртењето на новостите на Фејсбук, а тоа се доста фотогеничните, шарени, примамливи и здрави трендови кои сите ние сакаме да ги имаме на нашиот профил, па дури и да ги направиме само за фотографирање.

Рецептот за најдоброто смуди што гарантира губење на килограмите треба да се подготвува наутро, заедно со умерено вежбање и правилни оброци во текот на целиот ден.

Потребни состојки:

  • 1 киви со средна големина
  • 2 парчиња лимон со кора
  • 7-10 листови магдонос без стебла
  • 6-8 листови нане
  • 100 милилитри вода
  • Лажичка мед

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар