5 причини за повторно да му ја подарите довербата на момчето кое се извинило

Се случува момчето да ве изневери или да раскине со вас потполно неочекувано, а потоа да се извини што се однесувал како вистинска будала. За жал, овој вид глупост се држи до човештвото како рак за својот камен. А особено цврсто се лепи за машкоста – тие некако секогаш дознаваат што имаат откако ќе го загубат. Ако тој има храброст да ве замоли за прошка и втора шанса, можеби треба да му ја подарите – искрено.

2-5-prichini-za-povtorno-da-mu-ja-poklonite-doverbata-na-momcheto-koe-se-izvinilo-www.kafepauza.mk_

1. Не се сите исти

Некој ќе се извини сто пати, а потоа сто пати ќе ја повтори истата грешка, но тоа не е само незрелост, туку и патологија. Паметните луѓе учат од своите грешки и се обидуваат да не ги повторат. Дали вашето момче е паметно? Па каде му била паметта кога…? Давањето втора шанса треба да биде опростување и прилика за поголема блискост и напредок во врската. Можеби ви е потребно малку време да се одлутите, па кажете му го тоа. Чесно е да се признаат своите слабости – ако настојуваме да ги преминеме и да не ги користите како оправдување за нашето однесување.

2. Навистина чувствува дека погрешил

Можеби тоа го знаете, ако добро го познавате и знаете дека не е личност која е непредвидлива, склона на авантури и на која не ѝ е грижа како вие се чувствувате. Можеби му требало нешто за јасно да ја почувствува вредноста на она што го има, но тоа не значи дека свесно ве предал со неговото експериментирање. Човечките потреби можат на чудни начини да се исполнат и да нè доведат до опаметување.

3-5-prichini-za-povtorno-da-mu-ja-poklonite-doverbata-na-momcheto-koe-se-izvinilo-www.kafepauza.mk_

3. Секој заслужува втора шанса

Не сте сигурни што чувствувате, не можете да процените дали навистина жали или не сака да ја изгуби сигурноста и удобноста која ја имал со вас. Па, проверете.

4. Ќе знаете дека сте пробале сè

Ако не успее врската, ќе знаете дека сте дале сè од ваша страна. Вистина е дека односот не може да се сошие или да се врати на старото. Но, може да се промени и да стане подобар.

5. Ќе имате повеќе време да ги проанализирате своите вредности

Дали партнерот ве изневерил или ги следел своите убедувања? И како да се справите со тоа? Дали е повредено вашето его? Дали се разнишаа вашите принципи? Можеби имате поважни и повредни работи кои треба да ги разгледате. Можеби од тоа искуство и самите ќе израснете во подобра и потолерантна личност.

4-5-prichini-za-povtorno-da-mu-ja-poklonite-doverbata-na-momcheto-koe-se-izvinilo-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар