5 одлични велигденски торти

5 одлични велигденски торти

Збогатете ја вашата велигденска трпеза со овие одлични овошни торти.

1. Торта со јагоди и јогурт

5 одлични велигденски торти

Потребни состојки (за кората):
  • 3 јајца
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 3 лажици брашно
  • Малку прашок за печиво
Потребни состојки (за филот):
  • 400 милилитри јогурт
  • 80 грама кафеав шеќер
  • 500 милилитри слатка павлака
  • Кора од лимон и лимонов сок
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 пакување шлаг пена
  • Околу 500 грама јагоди
Начин на подготовка:

Измијте ги и исечете ги јагодите. Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го брашното и прашокот за печиво. Ставете ја смесата во тава со димензии 40х20 и печете 15 минути, на 170 степени.

Изматете ги шлагот и слатката павлака во тврд шлаг. Додајте јогурт, шеќер и ванилин шеќер, кора од лимон и лимонов сок. Филот треба да биде многу густ.

Врз кората ставете од филот, наредете јагоди и ставете го остатокот од филот.

2. Торта со јаболка и афион

5 одлични велигденски торти

Потребни состојки (за кората):
  • 3 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама афион
  • 1 органски лимон (без кора)
  • 100 грама маргарин
  • 100 грама меко пченично брашно
  • 1 лажица сода бикарбона
Потребни состојки (за филот):
  • 5 јаболка
  • 5-6 лажици кафеав шеќер
  • 25 грама маргарин
  • Лимонов сок
  • Малку цимет
  • Кафеав шеќер во прав
Начин на подготовка:

Просејте го брашното со сода бикарбона. На тивок оган стопете го маргаринот. Раздвојте ги белките од жолчките и изматете ги жолчките со половина од шеќерот. Додајте го афионот и ситно изренданата кора од лимон и добро промешајте. Потоа постепено измешајте ги изладениот маргарин и брашното со сода бикарбона.

Од белките и останатиот шеќер направете цврст шлаг. 1/3 од него измешајте со тестото, а потоа постепено додајте го и остатокот.

Излејте ја смесата во калап со дијаметар од 20 центиметри врз хартија за печење. Печете 30 минути на 100 степени.

Исчистете ги јаболката, исечете ги на тенки парчиња и потопете ги во лимонов сок. Немојте да ги лупите, бидејќи од пектинот од кората ќе згусне филот.

На загреан маргарин пржете 4 лажици шеќер додека не се карамелизира. Додајте ги јаболката со лимоновиот сок, зачините по желба и динстувајте на среден оган, додека течноста не испари (околу 15 минути).

Оставете го филот да се излади па изматете го со миксер. Изладената кора пречете ја на две кори. Долната ставете ја во калап, премачкајте ја со филот, па покријте со другата кора.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар