5 одлични велигденски торти - Part 2

5 одлични велигденски торти

3. Торта со малини

5 одлични велигденски торти

Потребни состојки (за кората):
  • 250 грама бисквити
  • 80 грама маргарин
  • 3 лажици цветен мед
  • 1 ванилин шеќер
  • 1/2 лажица мелен цимет
  • 2 лажици инстант кафе
  • 50 милилитри сок од портокал
  • 1 лажица рендана кора од портокал
Потребни состојки (за филот):
  • 350 грама свежо кравјо сирење
  • 250 грама рикота сирење
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 5 лажици цветен мед
  • 300 грама малини
  • 2 кесички густин
  • 8 лажици вода
Начин на подготовка:

Издробете ги бисквитите и ставете ги во длабок сад. На тивок оган стопете ги маргаринот и медот. Додајте ванилин шеќер, цимет, кафе, сок и кора од портокал. Мешајте додека не се растопи кафето, а потоа со мешавината прелијте ги бисквитите. Добро измешајте ја смесата и распоредете ја на калап за торти. Оставете ја подлогата во фрижидер. Свежото сирење и рикотата измешајте ги со миксер, додека не добијат пенеста структура.

Во подготвената смеса додајте ги слатката павлака, медот, исчетканите малини и густинот. Филот нанесете го врз кората. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер.

4. Грчка торта со портокали

5 одлични велигденски торти

Потребни состојки (за кората):
  • 7 белки од јајце
  • 150 грама шеќер
  • 7 лажици мелени бисквити
  • 7 лажици ореви
Потребни состојки (за филот):
  • 14 жолчки
  • 180 грама кафеав шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 500 милилитри млеко
  • 250 грама маргарин
  • 200 грама мелени бисквити
  • 200 грама исечкани ореви
  • 100 грама чоколадо
  • 1 портокал
  • 100 грама црно чоколадо
  • 100 милилитри сок од портокали
Начин на подготовка:

Изматете ги белките со 150 грама шеќер, 7 лажици ореви и 7 лажици мелени бисквити. На хартија за печење ставете ја смесата и испечете кора на 200 степени. Со чепкалка проверете дали е испечена, а потоа оставете ја да се излади.

Направете го истото и со друга кора.

Жолчките изматете ги со 180 грама шеќер, 4 лажици брашно и постепено додавајте од млекото. Остатокот оставете го да се свари, намалете го огнот, па додајте ги изматените жолчки со постојано мешање. Оставете ја смесата да се излади.

Изматете 250 грама путер со изладениот фил, па додајте 200 грама мелени бисквити, 200 грама исечкани ореви, 100 грама сечкано чоколадо и сомелен портокал.

Премачкајте ја едната кора со фил, врз неа ставете ја другата и повторно премачкајте. На крај прелијте со глазура од чоколадо.

5. Торта со рибизли

5 одлични велигденски торти

Потребни состојки (за кората):
  • 250 грама брашно
  • 60 грама какао
  • 150 грама путер
  • 60 грама кафеав шеќер во прав
  • 1 јајце
Потребни состојки (за желето од рибизли):
  • 400 грама рибизли
  • 100 грама кафеав шеќер
  • 2 кесички желатин
  • Чоколаден прелив
  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 100 грама рибизли (за декорација)
Начин на подготовка:

Направете тесто од сите состојки за кората. Ставете го во привидна фолија и оставете го фрижидер половина час. Стопете го желатинот со неколку лажици вода. Во блендер измешајте ги шеќерот и рибизлите, па оставете ги да повријат на среден оган. Откако ќе се изладат, процедете ја смесата, загрејте ја и додајте го желатинот.

Развлечете го тестото на обложен калап за торта. Прекријте го со хартија за печење и печете 20 минути на 180 степени. Ставете го изладеното желе врз кората.

На пареа растопете ги чоколадото и слатката павлака, а откако ќе се излади, ставете ја смесата врз желето. Украсете со рибизли и оставете да отстои неколку часа во фрижидер.

Пробајте ги и овие чоколадни празнични десерти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар