Совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето

Денес можете да најдете безброј совети за убавина, а трендовите и модата постојано се менуваат. Помеѓу сите трендови за убавина, постојат неколку кои само го влошуваат вашиот изглед. Во продолжение погледнете ги трендовите поради кои изгледате „евтино“, но и трендовите кои ќе ви помогнат секогаш да изгледате префинето и софистицирано.

Маникир и педикир

Совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето

Софистицираните дами никогаш не ги лакираат ноктите со нападни бои. Наместо тоа, тие го негуваат природниот изглед, а се разбира, ноктите им се секогаш средени.

Предолгите остри нокти, ноктите лакирани со силни бои, како и претерано украсените нокти со кристали и 3Д украси би требало да ги избегнувате по секоја цена. Исто така, сувата кожа на дланките и изгрицканите нокти воопшто не изгледаат убаво. Истото важи и за испуканите пети и запоставените нокти на нозете.

Шминка

Совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето

Природниот изглед, односно шминката која не е премногу очигледна, е она што ќе направи да изгледате префинето. Без разлика на тоа колку шминка ќе нанесете, од голема важност е да ја пронајдете соодветната нијанса на пудра, коректор и бронзер. Исто така, немојте со години да користите еден производ за шминкање.

Исто како и фризурите, важно е да ја менувате и шминката и да пробувате разни производи, за да ги најдете најсоодветните за себе. Иако се популарни, преголемите вештачки трепки можат да направат да изгледате „евтино“, а истото важи и за преголемите веѓи и карминот надвор од линијата на усните.

Коса

Совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето

Бујните локни кои изгледаат природно им се заштитен знак на префинетите дами. Од друга страна, испуканите врвови и сувата коса се забранети доколку сакате да изгледате софистицирано. Доколку ја фарбате косата, не треба да дозволите премногу да порасне. Потребно е да обрнете посебно внимание на косата и најдобро е да се држите понастрана од најсветлите нијанси. Косата и веѓите би требало да бидат со што послична боја, бидејќи нивниот контраст не секогаш изгледа добро. Гумените ластичиња за коса исто така ќе направат да изгледате лошо. Со цел да го освежите вашиот изглед, одвреме-навреме менувајте ја фризурата.

Кожа

Совети за убавина со кои секогаш ќе изгледате софистицирано и префинето

Кога станува збор за кожата, вештачкиот темен тен, дамките од сончање и кремите за самопотемнување оставаат навистина лош впечаток. Најдобро е да избегнете зголемување на кој било дел од телото, а наместо тоа да водите сметка за забите. Сепак, вашата насмевка има навистина големо влијание на изгледот.

Погледнете ги и овие кратки совети за убавина кои го издржале тестот на времето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар