3 чоколадни празнични десерти

3 чоколадни празнични десерти

Овој Велигден израдувајте го целото семејство со некој од овие 3 вкусни чоколадни десерти.

Вкусна чоколадна торта без брашно

3 чоколадни празнични десерти

Потребни состојки (од 6 до 8 парчиња):
  • 350 г. темна чоколада искршена на парчиња
  • 200 г. шеќер
  • 225 г. путер (исечен на коцки)
  • Плус путер за размачкување на тавата
  • 6 јајца со средна големина (белките и жолчките да бидат одделени)
  • 175 мл. зовриена вода
  • 1 кафена лажичка инстант кафе (ова е по вкус, го додавате само доколку сакате вкусот на тортата да е појак)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180˚C. Намрсете ја тавата за печење и поставете хартија за печење. Со помош на миксер измешајте ги чоколадата и шеќерот, па полека мешајќи додајте го путерот (коцка по коцка), жолчките од јајцата, кафето и зовриената вода. Добро изматете ги состојките. Во друг сад добро изматете ги белките од јајцата додека да станат пенести, па додајте ги во другата смеса со чоколадо.

Оваа смеса налејте ја врз подготвената тава за печење, почнувајќи од средина на тавата за смесата правилно да се распореди насекаде. Печете од 45 минути до еден час. За да тестирате дали тортата се испекла, наденете една дрвена чепкалка во средината на тортата, ако излезе чиста значи тортата е готова. Откако ќе се испече, оставете ја да се олади на собна температура.

За декорација може да го послужите секое парче торта се две топки чоколаден сладолед, или секое од парчињата да го декорирате со шлаг и малечки парченца овошје.

Чоколаден чизкејк без печење

3 чоколадни празнични десерти

Потребни состојки (од 6 до 8 парчиња):
  • 150 г. благи бисквити
  • 150 г. темна чоколада искршена на парчиња
  • 100 г. шеќер
  • 50 г. путер растопен на собна температура
  • 3 супени лажици какао во прав, малку разредено со жешка вода
  • 200 г. крем-сирење
  • 120 мл. шлаг
Начин на подготовка:

Искршете ги бисквитите така што ќе ги ставите во кеса за замрзнување. Поставете ја кесата врз дрвена штица за готвење и издробете ги бисквитите мавајќи со тврд предмет. Искршените бисквити измешајте ги со путерот. Оваа смеса рамномерно распоредете ја во тава и оставете ја во замрзнувач.

Стопете ја чоколадата ставајќи ја во сад над вода што врие, повремено промешувајќи. Во еден сад изматете го шлагот, па додајте го во садот со стопената чоколада, додавајќи го и какаото исто така.

Во друг поголем сад за матење, изматете ги крем-сирењето и шеќерот. Откако добро ќе ги измешате, додајте ги во смесата со чоколада и промешајте ги заедно. Оваа смеса додајте ја над стврднатата смеса со бисквити, а потоа оставете да отстои во замрзнувач 1 час. Оставете ја на собна температура половина час пред да сервирате.

За полесно да ја исечете тортата, потопете го ножот во жешка вода. Како декорација може да го прелиете секое парче со растопена чоколада и да додадете чоколадни трошки или чоколадни топчиња.

Чоколаден коктел за возрасни

3 чоколадни празнични десерти

Потребни состојки (за едно сервирање):
  • Неколку коцки мраз
  • 50 мл шлаг
  • 3 супени лажици чоколаден сируп
  • Сосем малку чоколаден ликер
  • Сосем малку ликер од кафе
Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги коцките мраз, па додајте ги шлагот, чоколадниот ликер и ликерот од кафе. Мешајте околу минута додека смесата не стане хомогена. Сипете го коктелот во чаша за коктели и декорирајте со шлаг и чоколаден прелив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар