5 одлични пролетни диети

5 одлични пролетни диети

Зимата пројде, па време е конечно да се ослободиме од вишокот килограми, кои ги наталоживме во овој период од годината. Ова се 5 одлични диети кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате подобро и поудобно во сопственото тело за време на прекрасната пролет.

Пет одлични пролетни диети

Сончева диета – жолта боја за витка става

Сончевата диета не треба да трае повеќе од 8 дена, а за нејзиното времетраење можете да изгубите до четири килограми. Основно правило е да консумирате само жолти производи, како диња, банана, тиква, крушки, кашкавал и слично.

Алкална диета – препорака од холивудските ѕвезди

Алкалната диета е хит помеѓу холивудските ѕвезди, а се заснова на одржување рамнотежа во организмот на база на кисели продукти. Оваа диета не само што може да ви помогне да ослабете, туку го штити и здравјето. Суштината е во тоа што секојдневно, покрај оброкот, морате да внесувате и кисела храна, во сооднос 4:1, за да го постигнете посакуваниот баланс во организмот.

Лимон диета – експресно слабеење

Лимонската диета е вистинска бомба од витамин Ц, а со еднонеделно придржување можете да изгубите еден конфекциски број. Додадете 2 лажици сок од лимон во 30 децилитри вода заедно со две лажички јаворов сируп и малку чили. Овој сок пијте го во текот на целата недела, 5 пати дневно. Во текот на неделата не смеете да јадете ништо друго, а дополнително смеете да консумирате домашна супа од зеленчук и билни чаеви.

Диета со туна – 1,5 килограми помалку за само 3 дена

Оваа диета можа да ви помогне без голем напор да загубите 1,5 килограми за само 3 дена. Звучи одлично, зарем не? Диетата се држи 3 дена, а потоа треба да се јаде нормално. Секој ден се јаде по една порција туна, а дополнително можете да јадете салата и супа. Дозволени се и чајот, црното незасладено кафе и водата.

Банана диета – лесно и слатко

Потребно е секое утро да јадете една банана и да пиете чаша вода, а во текот на денот можете нормално да јадете. Додека трае диетата не смеете да консумирате алкохол, да јадете сладолед и други слатки работи. Исто така препорачливо е да пиете поголемо количество вода во текот на денот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар