5 мантри кои ќе ви помогнат да станете личноста која сакате да бидете

Често, луѓето имаат тенденција да го одберат полесниот пат. Тоа го прават од разни причини, но меѓу оние најчестите е фактот дека потешкиот пат бара од нив тие да се соочат со нешто или некој, а не сакаат. Втора многу честа причина, за жал, е мрзата. Ретко кој сака да си го расипе комодитетот, па е многу полесно да се избере поедноставното решение отколку да се даде малку повеќе од себе. Но факт е дека никогаш нема да бидеме навистина среќни доколку не го дадеме максимумот од себе во што и да е она на што го посветуваме нашето внимание.

Која и да е причината поради која замижуваме пред она што навистина нè влече и исполнува, мора да најдеме начин да се соочиме со неа, да се соочиме со себе и да бидеме најдобри што можеме. Бидејќи сѐ што правиме се одразува на нашето однесување и на луѓето околу нас, следниве мантри се помошен водич кон станување на своја и автентична личност.

(1)-5-mantri-koi-kje-vi-pomognat-da-stanete-lichnosta-koja-sakate-da-bidete-kafepauza.mk

1. Ќе престанам да размислувам за она што би требало да го правам и ќе се посветам на она што сакам да го правам

Да, реткост е на денешницава да го работиме тоа што навистина го сакаме, но дури и таму е потребно да најдеме нешто што ќе нè мотивира бидејќи во спротивно никогаш нема да ја завршиме работата како што треба или уште полошо, ќе ја замразиме. Но што е со слободното време кое го имаме? Тоа е драгоцено време кога е потребно да правите нешто само за себе, нешто што ве исполнува, нешто што ќе ве мотивира.

2. Ќе си купам џебен дневник и ќе си нацртам себеси ѕвезда секој пат кога ќе направам нешто што ме разведрува

Бидејќи никој друг нема да ве награди или потапка по рамо кога ќе направите нешто убаво и добро, направете го тоа вие самите. Дајте си себеси награда за тоа што конечно сте направиле нешто што ве радува и инспирира да продолжите така. Запомнете го чувството бидејќи прави да се чувствувате дека ништо не е невозможно. Нели е прекрасно?

3. Ќе одвојам време да сонувам

Сонувањето е од витална важност за секој човек. Реалноста знае да биде премногу сурова за да не сакаме нешто повеќе од животот. Па така, дајте си себеси барем еден час бегство од реалното гледање на работите и опуштете се со малку сонување.

4. Ќе си дозволам целосно да го посакувам тоа што го сакам

Ниту еден избор не е погрешен сѐ додека правејќи го не им наштетувате на другите. Ако ја имате таа шанса да го изберете тоа што го сакате, направете го тоа. Бидејќи што и да е, вас ви е потребно да го сакате отворено без да имате потреба да се преправате. Само на овој начин ќе може да ја извлечете целата позитивна енергија од тоа.

5. Ќе го следам она што ме интересира

Велат дека оној кој вели дека нема време за нешто, всушност не сака вистински да го направи тоа. Кога нешто ве влече, секогаш постои начин да најдете време да го направите. Кога нешто ве интересира и примамува, не се плашете да го следите и да видите на кои сѐ места ќе ве одведе. Дури и да дојдете на слепа улица, искуството е она што ќе ви вреди. А ако сепак излезе нешто добро од тоа, чувството на среќа и исполнетост ќе биде неизмерливо.

Стравот е единствената работа која го кочи секој човек да оди понатаму и да истражува надвор од своите граници. Но она што е навистина интригантно е дали се плашиме дека нема да успееме и ќе завршиме разочарани или, пак, токму спротивното: ќе успееме и нема да знаеме што понатаму? Истото ова се однесува и на работите кои знаеме дека нè исполнуваат и нè прават среќни. Не е лесно да бидете искрени со себе, да бидете целосно свои и постојано, но дефинитивно се исплаќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар