5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Според статистиката, околу 60% од луѓето ширум светот страдаат од лош здив. Дури и ако секојдневно ја одржувате хигиената во устата и не јадете многу лук, понекогаш лошиот здив може да се прикраде и да ви уништи некој настан. Па, доколку се најдете во ваква ситуација, а со себе немате гума за џвакање, овие совети ќе ви бидат од корист.

Причини за лош здив

5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Лошиот здив се појавува поради бактериите во устата кои се размножуваат од разни фактори. Ако се соочувате со овој проблем, најпрво обрнете внимание на хигиената во вашата уста и на вашите навики за исхрана. Ова се некои од најчестите причини за лош здив:

  • Јадење многу храна богата со сулфур
  • Цигари и алкохол
  • Усен микробиом
  • Болест на непцето
  • Стрес и анксиозност
  • Орални инфекции
  • Кариес

1. Пиење вода

5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Бактериите во нашата уста испуштаат гасови со лош мирис, а плунката го спречува ова. Па, колку повеќе вода пиете, толку повеќе ќе се намали проблемот со лошиот здив. Ако имате сува усна празнина, доволно е да испиете чаша вода.

2. Џвакајте тревки како нане, босилек и магдонос

5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Ако сте на некоја забава, можете да џвакате некоја тревка или зачин, како на пример нане. Ова нема да ви ги исчисти забите, но ќе го освежи вашиот здив. Навистина е ефективно, но функционира многу краток период.

3. Изедете јаболко

5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Кога излегувате од дома, со себе понесете јаболко. Јаболката содржат оксидирани полифеноли кои ја неутрализираат лошата миризба во устата. Исто така јаболката ги чистат вашите заби благодарение на нивната текстура.

4. Изедете лимон

5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Лимоните не само што се здрави, туку тие се навистина корисни во борбата против лошиот здив. Тие ги убиваат бактериите во усната празнина и со тоа ја спречуваат лошата миризба. Доволно е да изедете едно парче лимон или да го исцедите во чаша вода. Лимонот е исто така ефективен и откако ќе изедете лук или кромид.

5. Користете спреј за уста

5 едноставни начини за брзо ослободување од лошиот здив

Ако постојано имате проблем со лош здив, можете да употребувате спреј за освежување на здивот. Ова е одлично решение за луѓето кои имаат проблеми со вилицата и не можат да џвакаат гума за џвакање.

Погледнете и кои се телесните миризби што не треба да ги игнорирате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар