11 причини зошто жените со анксиозност се најсилни

Според Здружението за анксиозност и депресија во Америка, жените имаат двојно поголеми шанси да страдаат од анксиозност за разлика од мажите. Анксиозноста е сериозно нарушување и жените кои секојдневно се справуваат со неа заслужуваат пофалба. Погледнете зошто жените со анксиозност се многу посилни отколку што мислите.

11 причини зошто жените со анксиозност се најсилни

1. Секојдневно водат битка

Секој ден може да биде постојана битка за жените што страдаат од анксиозност. Тие не знаат кога ќе треба да се справат со паничен напад или со лоши мисли, но сепак продолжуваат понатаму. Се обидуваат да го смират нивниот анксиозен ум и да ги завршат обврските.

2. Чувствителни се и имаат емоционална длабочина

Емоциите се со многу висок интензитет кај луѓето со анксиозност. Тие се во допир со нивните емоции, па можат да ги разберат и туѓите. Овие жени имаат чувствителност и емоционална длабочина како никој друг и навистина ги поддржуваат саканите. Знаат како е да чувствувате болка и страв, па секогаш се обидуваат да им помогнат на сите.

3. Детално размислуваат за сè

Умот на жените со анксиозност постојано работи, па тие детално размислуваат за работите. Размислуваат за последиците од нивните постапки наместо да делуваат импулсивно. Нивната паника понекогаш ги учи како да внимаваат на сите детали и да планираат однапред.

4. Паметни се и начитани

Жените со анксиозност добро се подготвуваат пред секој настан за да ги избегнат најлошите можни сценарија што можат да ги замислат. Нивната желба за читање, учење и да бидат подготвени е водена од нивниот страв, но благодарение на тоа тие се навистина паметни и начитани.

5. Постојано се справуваат со осудувања

Другите постојано им судат на овие жени поради нивните силни емоции и реални чувства. Тие само сакаат некој да сфати дека нивните чувства се реални, но сè што слушаат е дека премногу размислуваат и дека сè е само во нивната глава. Постојано се справуваат со нивните анксиозни мисли и осудувањата, но сепак успеваат да го преживеат денот. Тие се многу посилни отколку што мислат.

6. Тие се својот принц на бел коњ

Жените со анксиозност знаат дека многумина нема да ја разберат нивната состојба. Знаат како изгледаат паничните напади, потењето на дланките и забрзаното чукање на срцето. Но знаат како самите да се извлечат од таа ситуација и да бидат својот херој.

7. Никогаш не се откажуваат

Најчесто нема воопшто да знаете дека некој близок страда од анксиозност. Причината е што овие луѓе напорно се обидуваат самите да се справат со нивниот проблем. Овие жени ќе направат сè што можат за да не ѝ дозволат на анксиозноста да ги надвладее.

8. Грижливи се и сочувствителни

Жените со анксиозност се навистина грижливи. Трпеливо ги слушаат нивните пријатели, па дури и ќе се стават во ситуации што ги плашат само за да ги направат среќни.

9. Тие се господари на нивната судбина

Кај жените со анксиозност не постои опција да се чувствуваат беспомошно. Тие се борат против својата анксиозност и се обидуваат да ја создадат нивната судбина. Не сакаат да бидат жртви и секогаш застануваат на нозе, без разлика колку е тешка ситуацијата.

10. Постојано се обидуваат

Анксиозноста може да направи да се чувствувате навистина истрошено, и физички и ментално. Силните жени не дозволуваат овој замор да ги спречи. Тие знаат да се грижат за себе без разлика на сè и го даваат најдоброто од себе.

11. Простуваат

Овие жени нема да ви судат ако имате лош ден или ако сте со променливо расположение. Тие биле на ваше место и добро знаат како ви е. Ако минувате низ тежок период, тие ќе ве поддржат и ќе ви простат наместо да ви судат за вашата состојба.

Дознајте и кои здравствени нарушувања се предизвикани од анксиозноста.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар