5 болести кои се кријат зад студените раце

Сосема е нормално нашите дланки и прсти да бидат ладни за време на замрзнатите зимски денови. Овој проблем најчесто се губи во истиот момент кога ќе дојдеме до првиот извор на топлина. Но, ви се случува ли да не успеете да ги загреете вашите раце, дури ни кога сте во топол простор? Тоа може да укажува на неколку здравствени проблеми, па токму затоа и треба да се обратите на доктор со цел да ги решите побрзо.

5 болести кои се кријат зад студените раце

1. Рејнаудов синдром. Станува збор за состојба во која доаѓа до стеснување на крвните садови во прстите како одговор на студ или емотивен стрес. Тоа води кон изразено чувство на студенило во прстите кое понекогаш воопшто не исчезнува. Добрата вест е што овој синдром всушност не предизвикува здравствени проблеми и температурата на прстите можете да ја регулирате преку носење ракавици и избегнување стрес. Но, ако сепак го имате, посоветувајте се со имунолог бидејќи тој може да биде симптом за некоја автоимуна болест.

2. Хипотиреоза. Кога функцијата на тироидната жлезда е намалена, односно кога таа работи забавено, тогаш исто така може да дојде до чувство на студ во прстите на дланките. Тироидната жлезда има улога на термостат во нашето тело, па кога не е доволно активна, таа забавува и голем број други функции во телото, резултирајќи со студенило.

3. Анемија. Оваа болест предизвикува голем број здравствени проблеми како умор, главоболка, задишаност и вртоглавица. Понекогаш се случува и поради недостатокот на железо во крвта да дојде до проблеми при регулација на температурата во телото. Со други зборови, анемијата го намалува снабдувањето на телото со кислород, па токму тоа и води кон ладни прсти.

4. Низок крвен притисок. Кога нискиот крвен притисок паѓа, крвните садови ја пренасочуваат крвта од екстремитетите кон виталните органи во телото, па токму затоа и прстите се ладат. Доколку вашите прсти се постојано ладни, а притисок ви е секогаш низок, обратете се кај вашиот доктор со цел да го најдете виновникот за овој проблем.

5. Пушење цигари. Доколку ви е потребна уште една причина да се откажете од пушењето, тогаш можете да престанете со барање. Никотинот предизвикува стеснување на крвните садови и собирање плаки во артериите поради кои протокот на крвта во екстремитетите е ослабен или значително намален. Токму поради тоа вашите раце ви делуваат смрзнато.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар