4 знаци дека вашиот поранешен партнер ви е сè уште лут, затоа дајте му простор и време

Во совршениот свет, сите раскинувања завршуваат пријателски и секој партнер тргнува по свој пат. Но, тоа не е светот во кој живееме, за жал. Крајот на врската може да предизвика збунетост, тага и незадоволство, но и двајцата партнери имаат право на чувствата што ги доживуваат. Ако се сомневате дека вашиот поранешен партнер сè уште се чувствува лошо, треба да внимавате на некои знаци кои покажуваат дека тој сè уште е лут на вас.

4 знаци дека вашиот поранешен партнер ви е сè уште лут, затоа дајте му простор и време

Да започнеме со очигледното. Кога поранешниот ќе ве блокира на социјалните медиуми или го игнорира вашиот обид за комуникација, тоа се цврсти показатели дека тој ви е лут. Истото може да се каже и ако тој ги избрише пораките кои ги добил од вас, или зборува лошо за вас пред своите пријатели. Но, понекогаш, знаците кои покажуваат дека вашиот поранешен е сè уште раздразнет се малку посуптилни.

Има толку многу причини зошто бившиот или бившата би можел/а да се лути. На пример, ако се почувствува заслепен од лутина поради раскинувањето или мисли дека неговата доверба била предадена, може да се чувствува огорчено заради тоа. Без оглед зошто се чувствува така, тој може да покаже лутина на најразлични начини. Препознавајќи ги овие вообичаени знаци, ќе може да му го овозможите времето и просторот што му треба за да ја надмине ситуацијата.

1. Ви го отежнува животот

Тоа може да предизвика голем број непријатности. Ако живеете заедно, еден или двајцата ќе треба да пронајдете ново место на живеење. Ако не живеевте заедно, можеби ќе треба да си ги соберете работите кои ви останале кај партнерот. Според психолозите ако вашиот бивш партнер ви го отежнува животот тој веројатно сè уште ви се лути.

Без разлика дали не ви дозволува да грижите за вашето заедничко милениче, или смислувате како да се иселите на најбезболен начин, а тој ви ја отежнува ситуацијата и свесно или несвесно негодува за сè, тоа го прави заради одмазда.

2. Ви испраќа пасивно-агресивни коментари

Блокирањето од социјалните мрежи е една работа. Всушност, преземањето на таа мерка често не значи дека вашиот поранешен е вознемирен – тоа може да значи дека е премногу болно за него да ги гледа вашите фотографии, затоа што тој сè уште има чувства за вас. Но, ако бившиот или бившата започнете да објавува пасивно-агресивни или лоши коментари на социјалните мрежи веројатно сè уште е гневен. Така тој/таа и на другите сака да им покаже дека вие сте лошите.

Сарказмот и навредите се негов одбранбен механизам кога е бесен.

Ако вашиот поранешен партнер објавува пасивно-агресивни пораки или коментари, запомнете дека не треба да се изложувате на ова непријателско однесување на Интернет и треба да го блокирате и пријавите заради тоа.

3. Ги принудува вашите заеднички пријатели да изберат страна

Еден од знаците дека вашиот поранешен е сè уште лут на вас е ако ги натера вашите заеднички пријатели да изберат страна.

Уште полошо е ако почнете и нив да ги змешувате во вашата расправија.

Ако вашиот поранешен партнер ги обвинува вашите заеднички пријатели затоа што се сè уште блиски со вас тоа е знак дека тој е се уште лут и сака овие пријатели да бидат во нивниот „тим“.

Во оваа ситуација, сè што можете да направите е да им покажете на вашите пријатели колку го цените пријателството со нив и да ги уверите дека не очекувате да изберат страна.

4. Се труди да ви покаже колку е навидум „среќен\на“

Ако вашиот поранешен навистина нема проблем со вашето раскинување и ги доживува најдобрите моменти во животот, тој нема да чувствува потреба да се покажува. Значи, ако тој ја покажува својата наводна „среќа“, објавувајќи многу содржини на социјалните мрежи, во обид да докаже колку неверојатно му е без вас, психолозите велат дека тоа го прави затоа што сè уште е огорчен поради вашето раскинување. Секој на различен начин ја покажува огорченоста, па тоа е едноставно негов начин да ја преброди ситуацијата.

Меѓутоа, ако сакате да ѝ дадете уште една шанса на вашата врска, или сакате да останете пријатели со бившиот, треба да покажете разбирање.

На крајот на краиштата, она што е најважно е да размислите и да ги утврдите вашите потреби во врска со вашиот поранешен партнер. Вие не можете да го контролирате начинот на кој тој се чувствува или се однесува – сè што може да контролирате е начинот на кој ќе одговорите на неговото однесување. Поставувањето здрави граници и преиспитувањето на вашата врска може да ви помогне и да ви даде насока како да реагирате. Како и да е, најважно е да се заштитите од негативните влијанија кои произлегуваат од оваа ситуација. На вашиот поранешен му е дозволено да се лути, но тоа не значи дека мора вие да бидете „мета“ на неговиот бес. И, кога мислите дека ви се лути, тој можеби сè уште лудува по вас, но како што рекле старите: „Времето ги лекува раните“.

Најдоброто нешто што можете да го направите за вашиот поранешен партнер и за вас е да си овозможите меѓусебен простор за „дишење“ кој ќе би помогне побрзо да ви поминат негативни емоции со кои се соочувате. Добрата вест? Ваквото искуство ќе ви овозможи да станете посилни од кога било претходно.

Можеби сакате да прочитате и како да се справите со вашите родители доколку се вознемирени по вашето раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар