Еве како да се справите со вашите родители доколку се вознемирени по вашето раскинување

Анализирањето на сопствените чувства по раскинувањето на врската со партнерот може да биде тешко и без дополнителните обвинувања и тагата на вашите родители. Се разбира, разбирливо е и нивното однесување. Кога врската е сериозна, блискоста помеѓу вас и вашиот партнер може да се прошири и на блиските пријатели и семејство, особено ако редовно се дружите со нив.

Еве како да се справите со вашите родители доколку се вознемирени по вашето раскинување

Значи, ако вашата врска пропадне, мора да сфатите дека и вашите најблиски може да поминат низ тежок период. Ако вашите родители се тажни и не може да сфатат, клучно е да знаете како да постапите во оваа емоционално незгодна ситуација без да предизвикате непотребен конфликт.

Таквото однесување е разбирливо, според психолозите. Родителите може да жалат за загубата на личноста која станала дел од нивните животи, а сега ги напушта. Нивните срца се исто така скршени. Сепак, нивна должност е да ве поддржат како нивно дете и да не дозволат вознемиреноста поради загубата на вашиот партнер да ги опседнува. Сигурно не треба да се чувствувате како родителите да не се на ваша страна. Можеби им е тешко, но и понатаму треба да ги стават во преден план вашите потреби и чувства.

Според психологот д-р Џошуа Клапоу чувствата на вашите родители за вашата разделба со партнерот треба да бидат предводени од грижата и љубовта кон вас. Ним им е тешко затоа што вие поминувате низ тежок период, но тешко им е и затоа што се навикнале на одредена ситуација.

Психолозите велат дека иако можеби е чудно да ги тешите родителите за сопственото раскинување, обидете се да им помогнете да разберат зошто решивте да се разделите. Дозволете им и тие да ги искажат своите мислења, дури и ако веќе сте донеле конечна одлука.

Меѓутоа, штом еднаш сте решиле да се разделите, родителите треба да ја прифатат и поддржат вашата конечна одлука. Романтичните односи се лични, а интимна е и одлуката да се стави крај на некоја емотивна релација. На крајот на краиштата, не се работи за нивната врска, туку за вашата. Сепак, почитувајте ја нивната улога како родители и сослушајте го нивното мислење. Потоа, учтиво кажете им дека ја цените нивната загриженост и дека она што ви треба во моментот од нив е поддршка.

Ако сè уште се борат со своите емоции, во ред е да се спротивставите на нивните коментари или однесување. Дајте им на знаење дека се обидувате да продолжите со вашиот живот и дека нивните ставови и нивната осуда не ви се од корист во моментот. Може да им кажете дека нема да разговарате за тоа ако не ве поддржуваат. Поставувањето на оваа граница може да делува сурово, но по раскинувањето, вашето емоционално здравје може да биде исклучително ранливо, па мора да внимавате на себе. Треба да се ​​потпрете на луѓето што ги сакате и на кои им верувате и тоа е многу важен дел од процесот на надминување на состојбата. Не плашете се да бидете јасни за вашите моментални потреби.

Треба да сфатите дека вие ние не сте единствените што сте повредени во моментот. Но, мора да внимавате раскинувањето да не предизвика проблеми во вашето семејство. Најдобар начин да се справите со ситуацијата е да бидете искрени кон себе и да се соочите со тоа низ што минувате, а ако родителите ви отежнуваат, не плашете се да им укажете дека така не ви помагаат.

Можеби сакате да дознаете и колку трае болката после раскинувањето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар