Подобро да се спречи отколку да се лечи: 4 природни лекови против покачен холестерол

За холестеролот важи правилото: „Подобро да се спречи отколку да се лечи“. Доколку сакате да се заштитите од оваа состојба или веќе страдате од покачен холестерол и сакате да го намалите, тогаш погледнете ги следниве трикови коишто ќе ви бидат од голема помош.

1. Почнете го денот со овесна кажа со печени бадеми и малку лен

Комбинацијата на растворливи влакна и антивоспалителни омега-3 киселини го смалуваат холестеролот, ЛДЛ и триглицеридите од 10 до 30%.

2. Најдете време за јога и медитација

Во една студија се докажало дека мажите кои практикуваат вештини што го ублажуваат стресот имаат од 6 до 20% понизок холестерол.

3. Испијте чаша бело вино

Комбинацијата на етанол со антиоксидантите во белото вино го смалуваат холестеролот, а тоа може позитивно да влијае и на вашето срце.

4. Јадете многу целер

Целерот го прочистува црниот дроб, го смалува шеќерот и го нормализира крвниот притисок. Тој се користи и за чистење на организмот и за зајакнување на нервите. Најдобро е да се јаде сиров.

Дознајте и кои се другите намириници со кои се победува дијабетесот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар