Намирници со кои можете да го победите дијабетесот

Намирници со кои можете да го победите дијабетесот

Здравата исхрана има голема улога во спречувањето на дијабетес тип 2. Познато е дека преработениот ориз би требало да го замените со кафеав, но има уште неколку намирници кои ќе ви помогнат да го намалите ризикот од оваа хронична болест или да ја држите под контрола доколку веќе ја имате.

Намирници со кои можете да го победите дијабетесот

Лиснат зеленчук и бобинки

Едно истражување објавено во 2016-та година, покажало дека честото консумирање овошје, особено бобинки, и зеленчук, особен лиснат и со жолта боја, го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Па доколку досега не сте го направиле тоа, во вашата исхрана внесете спанаќ, кељ и боровинки.

Медитеранска исхрана

Овој начин на исхрана е прогласен за најздравиот на светот. Истражување од 2013-та година покажало дека луѓето кои имаат дијабетес тип 2, а се хранат медитерански, полесно го држат шеќерот под контрола, за разлика од луѓето чија исхрана воглавно сочинувала јаглехидрати.

Млечни производи

Истражување од 2015-та година покажало поврзаност помеѓу консумирањето млечни производи и зголемената инсулинска чувствителност кај средовечните жени. Други истражувања покажале дека млечните производи го намалуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови ве држат сити и го снабдуваат телото со магнезиум и хранливи влакна. Консумирањето јаткасти плодови го намалува ризикот од болести на срцето, го намалува нивото на лош холестерол, како и ризикот од дијабетес тип 2. Постои мит дека јаткастите плодови дебелеат. Американскиот национален институт за дијабетес, дигестивни болести и болести на бубрезите советува редовно да консумирате јаткасти плодови, но во мали количини – до 80-тина калории.

Риба

Најдобра е полномасната риба, како лососот, бидејќи е богата со омега 3 масни киселини. Исто така, избегнувајте да ја пржите во зејтин.

Добро е да знаете и кои се раните симптоми на дијабетес што не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар