9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Дијабетесот е болест која има влијание на способноста на телото да произведува инсулин, а ова резултира со висок шеќер во крвта. Првите симптоми може да бидат навистина суптилни, па повеќето луѓе ги игнорираат. Ако не се лекува, дијабетесот не само што ќе го намали квалитетот на животот, туку може и да го скрати. Токму поради ова е важно навреме да се открие. Погледнете некои од најчестите рани симптоми кои ќе ви помогнат во тоа.

1. Зголемена жед и потреба за во тоалет

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Зголемената жед и честото уринирање се најчестите симптоми за дијабетес. Кога имате дијабетес, вашите бубрези не можат да го апсорбираат вишокот шеќер. Поради ова, тој завршува во вашата урина и ги „собира“ течностите од ткивата. Ова ве тера почесто да одите во тоалет и ве дехидрира. За да ја изгаснете жедта пиете уште повеќе течности, а ова води до уште почесто уринирање. Во просек, луѓето одат во тоалет 6-7 пати дневно. Од 4 до 10 пати дневно е нормален број за здрава личност.

2. Зголемен глад

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Зголемениот глад, заедно со претходните симптоми, е уште еден знак за дијабетес. Ако вашето тело не произведува доволно инсулин, не може да ја претвора храната во глукоза, која пак им е потребна на клетките за енергија. Поради ова, вашиот глад не исчезнува дури и после оброк. Всушност, јадењето само ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта. Ако постојано јадете, а гладот не престанува, можеби е најдобро да го посетите вашиот лекар.

3. Замор

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Друг чест симптом за дијабетес е постојаниот замор. Ако го имате ова нарушување ќе се чувствувате заморно и поспано, и тоа од истата причина од која чувствувате глад – вашите клетки немаат доволно глукоза за енергија. Дехидрацијата поради честото уринирање исто така може да биде причина за заморот. Заморот често е симптом и за други нарушувања, но во комбинација со овие знаци, можеби станува збор за дијабетес.

4. Замаглен поглед

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Кога замаглениот поглед не е поради проблеми со очите, може да биде ран знак за дијабетес. Ова се случува поради менување на нивото на течност во телото, а ова прави леќите во вашите очи да ја менуваат формата. Оваа промена влијае на способноста за фокусирање, па работите ви изгледаат замаглено. Овие промени не се трајни и вашиот вид ќе се врати во нормала штом ќе се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Сепак, ако болеста не се лекува, овие промени може да доведат до слепило.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар