9 знаци дека можеби сте имале претходен живот

9 знаци дека можеби сте имале претходен живот

Доколку соништата ви се повторуваат, поседувате необјасниви вештини или силно ве привлекува одреден историски период, можеби веќе сте живееле на Земјата во минатото. Прочитајте што велат експертите за тоа! Ова се 9-те знаци дека можеби сте имале претходен живот…

9 знаци дека можеби сте имале претходен живот

1. Хипноза и враќање во минатото

„Кој/а сум бил/а во претходниот живот?“ е прашањето што луѓето многу често си го поставуваат. Постојат многу психолози кои веруваат во претходни животи. Со оваа област посебно се занимаваат хипнотизерите кои ги доведуваат клиентите во длабока хипнотичка состојба и потоа ги враќаат назад низ времето. Ги враќаат до нивното раѓање и потоа ги водат низ периодот во којшто живееле во претходниот живот. Тоа се нарекува враќање во минатото и многу хипнотерапевти ја користат оваа техника.

2. Имате необични сеќавања

Дали некогаш сте чуле некој кој вели дека се родил во погрешно време? Кога некој е многу силно уверен во тоа, психолозите го толкуваат како можен знак на постоење претходен живот. Таквите луѓе имаат необични сеќавања и интуитивни чувства дека биле некоја друга личност и дека живееле на некое друго место во друг временски период. Ова може да биде придружено со некаков белег од раѓање кој кога ќе го погледнат чувствуваат дека им надоаѓаат некакви спомени.

3. Имате дежаву

Ако многу често доживувате дежаву, вашиот претходен живот можеби се обидува да ви каже нешто. Дали ви се јавува силно чувство дека сте биле некаде претходно, но немате вистински спомен од тоа место? Дали некогаш сте кажале нешто за кое би можеле да се заколнете дека веќе сте го кажале претходно иако тоа не е вистина? Можеби на тој начин остварувате врска со претходната инкарнација на вашата душа.

4. Имате неразумни стравови

Дали имате некои чудни стравови што немаат никаква смисла? Психолозите имале неверојатни искуства со пациенти кои се сеќавале на делови од нивниот претходен живот. На пример, една жена почувствувала силен страв од смртта само поради тоа што погледнала во небото еден ден. Потоа кога отишла на хипноза, таа видела дека во претходниот живот била лажно обвинета за убиство и била осудена на смртна казна со бесење. Пред да ѝ ја покријат главата, таа погледнала во небото и ги видела облаците. По оваа сесија, нејзиниот страв исчезнал и таа продолжила со нејзиниот среќен живот.

5. Доживувате чудни болки

Ако имате физичка болка што трае веќе поголем дел од вашиот живот, но докторите немаат објаснување за неа, тоа може да е последица на нешто што ви се случило во некој претходен живот. Барем такво е мислењето на хипнотерапевтите. Станува збор за физички и емоционални проблеми кои ненадејно се појавуваат и траат, како што се болки, стравови, фобии и слично, но немаат логично потекло или причина од сегашниот живот. Некои луѓе имаат необјасниви проблеми со лутината и покрај тоа што немале детство исполнето со насилство и злоупотреби, но во претходниот живот биле злобни и насилни луѓе, како на пример диктатори, воени команданти и слично.

9 знаци дека можеби сте имале претходен живот

6. Се пронаоѓате во друга култура

Франкофилите се луѓе кои поседуваат неверојатна страст за францускиот начин на живот и сѐ што е поврзано со Французите. Но, дали се работи за страст што се развила со текот на времето или за нешто што било присутно уште од самото раѓање? Доколку ве привлекува одредена локација или култура, можеби вреди да го истражите вашиот претходен живот. Може да одите во земјата што силно ве привлекува иако не постои логична причина за тоа или пак да ја искусите културата во која се пронаоѓате.

7. Поседувате необјасниви вештини

Неверојатните таленти ги воодушевуваат сите луѓе околу нив. Прашањето е дали тие поседуваат вроден талент кој им овозможува да станат виртуози на пијано уште на 6-годишна возраст или станува збор за нешто повеќе од тоа? Што е со децата кои знаеле да зборуваат на некој јазик уште пред да го научат? Ова се големи показатели што можат да ви откријат кои сте биле во претходниот живот.

8. Поседувате необјасниво знаење

Слично на поседувањето необјасниви вештини е и поседувањето необјасниво знаење. Пред неколку години, многу актуелна стана приказната за детето кое се сетило дека во претходниот живот било пилот во Втората светска војна. Момчето Џејмс Лајнингер поседувало неверојатно знаење не само за авиони, туку и за имињата на неговите колеги и копилоти. Доколку знаете некои работи од некое друго време што нема каде да сте ги научиле, тоа е знак дека вашиот претходен живот навлегува во вашата сегашност.

9. Соништата ви се повторуваат

Сеќавањата и чувството на дежаву се случуваат кога човекот е буден, но што се случува за време на спиењето? Ако постојано сонувате одреден историски период во којшто секогаш се појавувате како истиот лик и комуницирате со едните исти ликови, сонот можеби сака да ви покаже што ви се случило во претходниот живот. Можеби сте ги познавале луѓето пред стотици години, кога сте биле некоја друга личност.

Без разлика дали верувате во претходни животи или не, реинкарнацијата е дефинитивно една од најголемите нерешени мистерии во светот.

Доколку сакате да знаете кои сте биле во претходниот живот, можете да добиете некои информации со помош на вашиот датум на раѓање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар