4 причини зошто треба да бидете искрени со сопругот или сопругата за неверство

Не секоја афера започнува со намера да се изневерува. Повеќето од нив едноставно се случуваат. Па, ако имате афера, тогаш големи се шансите дека сте се нашле во оваа ситуација случајно. Дел од вас веруваат дека станува збор за среќна случајност, бидејќи со години не сте се чувствувале толку живот. Но, има и друг дел кој ве уништува од внатре бидејќи на некој начин сте предавник на вашиот брак. И тука доаѓа најголемата дилема – дали да бидете искрени или да продолжите да лажете? Погледнете ги следниве 4 огромни причини зошто треба конечно да ја кажете вистината…

4 причини зошто треба да бидете искрени со сопругот или сопругата за неверство

1. Тој/таа има право да знае дека неговото или нејзиното сексуално здравје е загрозено

Дали секој пат сте користеле заштита? Најверојатно не. Без разлика дали гледате иднина во вашиот брак или не, вие треба да му/ѝ кажете веднаш за вашето неверство. Полово преносливите болести се застрашувачки и можат да предизвикаат огромни проблеми во здравјето кои се потенцијално смртоносни доколку не се откријат навреме. Имајте на ум дека тие можат да се пренесат и преку орален секс, па доколку сте биле неверни, веднаш тестирајте се и двајцата.

2. Тој/таа веќе „знае“

Една од неверојатните аспекти на бракот е што со тек на време вие станувате способни да се читате еден со друг. Токму затоа и многумина можат да претпостават дека нешто не е во ред дури и пред нивниот брачен другар да каже нешто. Едноставно го чувствуваат тоа. Имајќи го ова на ум, тој/таа сигурно веќе се сомнева во вас. Можеби дури и ве прашале, но вие сте негирале. Овие двоумења нема магично да исчезнат доколку не им кажете, па соберете доволно храброст да бидете искрени и оттргнете дел од товарот кој веќе некое време го носат. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за нив.

3. Вие сте ветиле искреност

Вие сте биле неверни – не можете да бидете повеќе неискрени од тоа во една интимна врска. Вашата вина расте под влијание на лагите, како и од вашиот интегритет со себе. Врските можат да функционираат само доколку останете искрени еден со друг. Доколку продолжите со лага, вината со тек на време ќе ве обземе целосно.

4. Не можете да градите живот врз лага

Доколку сакате да го спасите и изградите одново вашиот брак, вие двајцата мора искрено да разговарате за оние нешта кои не функционираат. Разговорот со вашиот партнер за неверството и за сите оние нешта кои сте ги добиле од оваа афера ќе ви овозможи и на двајцата доволно материјал за размислување како да го подобрите вашиот однос. Нема гаранција дека бракот ќе преживее, но признавањето на грешките е добра точка за почеток.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар