4 моќни причини зошто сите треба да спиеме голи

Спиењето без облека има неверојатни ефекти на вашето здравје, како и на вашата психа. Па, доколку сакате да го подобрите здравјето, да ослабите или да ја подигнете вашата самодоверба тогаш без сомнение треба да ја стекнете оваа навика!

1. Кога спиете голи, имате поцврст сон

Сите знаеме дека квалитетниот сон е добар за мозокот, а едно неодамнешно истражување од Универзитетот во Рочестер токму тоа и го докажало. Студијата открила дека додека спиеме, нашиот мозок ги отстранува токсичните протеини од невроните кои се несакана последица на мозочната активност во будна состојба. Тоа покажува дека мозокот, кога ќе му овозможиме квалитетен сон, сам се ослободува од тие отровни супстанци.

Од друга страна пак, кога сме ненаспани, токсичните протеини остануваат во мозочните клетки и со тек на време ја намалуваат способноста на размислување и заклучување. Така забавува и способноста за обработување на информациите и решавање на проблемите, додека истовремено и ја уништува креативноста.

Научниците од Универзитетот во Амстердам откриле и дека намалувањето на температурата на кожата во текот на ноќта ја зголемува длабочината на сонот и го намалува несаканото будење. Најдобар начин да го направите ова е да се разладите без да ја менувате собната температура, односно да спиете без пижами.

2. Кога спиете голи, чувствувате помалку стрес

Константниот стрес на кој многумина се изложени го нарушува имунитетот и го зголемува ризикот од срцеви болести и депресија, додека истовремено и ги намалува когнитивните функции. Исто така, стресот значајно го зголемува лачењето кортизол во телото (хормонот на стрес што се лачи во надбубрежната жлезда), а најдобар начин да се изборите против него е да го одржувате во нормални граници со доволно квалитетен сон.

3. Кога спиете голи, вие му правите услуга на вашето здравје

Научниците докажале дека спиењето без облека има бројни здравствени придобивки, вклучувајќи го и слабеењето. Студијата што била спроведена од Националниот институт за здравје утврдила дека ладењето на телото во сонот го забрзува метаболизмот, бидејќи на тој начин телото создава повеќе маснотии за да ја одржува температурата. Тие маснотии произведуваат топлина што согорува калории, на тој начин губејќи ги несаканите килгорами.

Покрај метаболитичкиот ефект на спиењето без пижами, неносењето облека ја подобрува циркулацијата во крвта, што е добро и за срцето и за мускулите. Квалитетниот сон го зголемува и создавањето на хормонот за опуштање како и мелатонинот, а и двата делуваат одлично против предвременото стареење.

4. Кога спиеме голи, ни расте самодовербата

На самодовербата се работи постепено, а таа расте секојпат кога ќе пробаме нешто ново, кога ќе прифатиме предизвик и кога ќе бидеме истрајни во нешто. Една студија од Универзитетот во Мелбурн открила дека луѓето со повисока самодоверба повеќе заработуваат и почесто се унапредувани за разлика од оние со пониска самодоверба. Спиењето без облека ве прави да се чувствувате подобро во сопствената кожа, а на тој начин и ја подигнува вашата самодоверба.

Прочитајте и зошто треба да спиете целосно голи со вашиот партнер.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар