Истражување: Вегетаријанците и веганите имаат зголемен ризик за мозочен удар

Според една неодамнешна студија, вегетаријанската и веганската исхрана го намалува ризикот од срцеви болести, но носи зголемен ризик од мозочен удар. Истражувањето објавено во Британскиот медицински журнал проучувало 48.000 луѓе во период од 18 години. Според добиените резултати, и вегетаријанците и веганите имале за 10 случаи помалку коронарни болести на 1.000 луѓе во однос на оние што јаделе месо, но и 3 случаи повеќе во однос на мозочниот удар.

Половина од испитаниците јаделе месо, додека пак останатата половина ја содржеле вегетаријанци и вегани (повеќе од 16.000) и пескетаријанци, односно луѓе што јаделе само риба (7.500). За потребите на студијата, биле земени предвид нивните здравствени анамнези, пушењето и телесната активност.

Кај пескетаријанците бил забележан 15% помал ризик во однос на коронарните срцеви болести во однос на оние што јаделе секаков вид месо, додека пак кај веганите овој ризик бил намален на 22%. Од друга страна пак, ризикот од мозочен удар кај нив бил зголемен за 20%.

Научниците сметаат дека причината за ова може да биде ниското ниво на витамин Б12, но исто така истакнуваат и дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди поврзаноста потемелно.

Прочитајте ги и овие 10 изненадувачки факти за вегетаријанците.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар