4 корејски бјути трендови кои морате задолжително да ги испробате

4 корејски бјути трендови кои морате задолжително да ги испробате

Ако сакате да експериментирате со шминката, а моментално немате никаква идеја за нов мејкап, тогаш ви ги предложуваме најдобрите бјути трендови на прекрасните Корејки кои морате задолжително да ги испробате. Суштината е во тоа да користите што помалку шминка и да создадете природен изглед. Корејките големо внимание посветуваат на негата на кожата на нивното лице, за тоа да изгледа беспрекорно. Акцентот е ставен на младоликоста и свежината, па затоа можеме и многу да научиме од нивните секојдневни техники за убавина.

4 корејски бјути трендови кои морате задолжително да ги испробате

1. Чистење на лицето

Најпрво, во согласност со корејскиот „рецепт“, секогаш редовно чистете го лицето за тоа да биде чисто, тонирано и да може шминката да ви трае подолго. Без разлика дали користите купени или природни производи, негата секогаш треба да ви биде на прво место. Исто така, кога ја отстранувате шминката, внимавајте лицето целосно и правилно да го избришете.

2-4-korejski-bjuti-trendovi-koi-morate-zadolzhitelno-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

2. Ајлајнер

Ако сакате да нанесете ајлајнер како корејските девојки, тогаш нанесете го во тенка линија, веднаш над трепките. „Опавчето“ на крајот го нема, туку оцртувањето завршува на местото каде што завршува окото. На овој начин, ќе изгледате поприродно, но и таа навидум малку впечатлива линија на вистински начин ќе го истакне вашиот поглед и ќе направи очите да ви изгледаат покрупно и округло.

3-4-korejski-bjuti-trendovi-koi-morate-zadolzhitelno-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

3. Руменило

За да го направите вашето лице да изгледа дополнително посвежо, посјајно и помладо, со голема четка нанесете малку руменило на образите. За постигнување на овој ефект, најдобро е да користите розово руменило или руменило во боја на кајсија. Овие нијанси се популарни и во самата Кореја, бидејќи како што веќе нагласивме, тамошните девојки не сакаат јака и нападна шминка, туку преферираат природен изглед.

4-4-korejski-bjuti-trendovi-koi-morate-zadolzhitelno-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

4. Усни

На крај доаѓаат усните. Најпрво намачкајте ги со балсам за усни, за да изгледаат меко и негувано. Бидејќи девојките во Кореја, сакаат очите да им бидат во прв план, тие ги шминкаат усните на тој начин да не привлекуваат многу внимание. Да, заборавете на нашиот тренд каде што усните се нагласени и нашминкани со впечатлив кармин. Затоа, после балсамот, нанесете сјај за усни во иста боја како руменилото, односно во нежно розови нијанси. Сјајот нанесете го само на централниот дел на усните, а не од крај до крај.

5-4-korejski-bjuti-trendovi-koi-morate-zadolzhitelno-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

Пред шминкањето, како подлога, можете да нанесете крема за сјај или пудра во нијанса која е слична на вашиот тен, а хајлајтерот нанесете го на јаболкниците, носот и останатите „класични“ точки за контурирање. Сепак, немојте да претерувате со разликите во бојата за крајниот резултат да изгледа што поприроден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар