Астрологијата ги открива сите причини зошто вашето срце може да биде скршено

Сте се запрашале ли некогаш зошто вашите срца ги кршат личности кои тврдат дека ве сакаат? Сте размислувале ли во кого се крие проблемот: во вас или во вашите партнери? Астролозите велат дека од една завршена врска излегуваат двајца виновници. Според нашите хороскопски знаци, ние поседуваме неколку доминантни особини кои нè прават идеален партнер за некого, но, овие особини не се секогаш едни од подобрите.

Астрологијата ги открива сите причини зошто вашето срце може да биде скршено

Кога станува збор за љубовни врски, нашиот карактер може многу лесно да објасни зошто некој се заљубил во нас и зошто е лесно истиот да престане да нè сака. Сепак, ова не значи дека ние сме неспособни да ги задржиме нашите љубени, туку покажува колку некоја личност може да нè сака и почитува прифаќајќи ги нашите најдобри квалитети и најлоши маани. Според последните астролошки истражувања, ова се основните причини зошто најчесто имаме проблеми во љубовните врски.

Овен (21 март – 19 април)

Овните се независни и често мислат само на себе. Тие се љубезни и мили, но со текот на времето нивните партнери ќе увидат дека и покрај сите нивни позитивни особини, понекогаш знаат да бидат и иритантни. Импулсивноста на Овните претставува голем проблем кога нивниот партнер сака да пронајде компромис.

Бик (20 април – 20 мај)

Биковите се карактеризираат со тврдоглавост која ги тера долго да ја држат лутината во себе. Тоа значи дека дури и кога некој ќе им се извини, тие ќе останат лути и незадоволни додека не одлучат поинаку. Ова може да биде многу тешко за нивните партнери.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Една од главните особини на Близнаците е тоа што тие се слободоумни и одбиваат да бидат демотивирани. Дури и кога се во врска, тие знаат да флертуваат и да покажуваат интерес кон други личности. Најуспешни се во отворените врски и понекогаш имаат проблем да останат со некого на подолг рок.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Раковите се независни и секогаш може да сметаат на себеси. Но, кога ќе започнат врска, тие често знаат да ја покажат нивната чувствителна страна. Колку повеќе се грижат за некого, толку попосесивни стануваат и го преплавуваат партнерот со секакви емоции.

Лав (23 јули – 23 август)

Иако Лавовите се едни од најверните партнери, сепак нивната гордост понекогаш може да им застане на патот кон успешната врска. Тие ќе продолжат да дебатираат и да ја докажуваат својата поента за да победат во расправата, независно дали таа е мала или голема. За Лавовите, ова е задоволително, но за нивните партнери е многу напорно.

Девица (23 август – 22 септември)

Девиците се аналитични и скептични, што претставува една опасна комбинација. Тие не само што се сомневаат и ги преиспитуваат своите чувства, туку тоа го прават и со чувствата на партнерот. Дури и најмалиот ваков сомнеж може да ги натера да се откажат и да помислат дека врската е невозможна, иако постои решение за проблемот.

Вага (23 септември – 22 октомври)

Вагите се едни од најголемите идеалисти во хороскопот, но и едни од најгордите знаци. Тие ги сакаат предизвиците и бараат некој кој ќе можат да го оформат според својата идеја за совршен партнер со цел подоцна да се фалат со него. Но, ова обично не им успева, бидејќи нивните партнери одбиваат да бидат „оформувани“.

Скорпија (23 октомври – 21 ноември)

Скорпиите се страсни и лојални, што ги прави идеални за една љубовна врска. Но, како и Раковите, така и тие можат да бидат посесивни и љубоморни кога се работи за нивните партнери, дури и до степен на преземање целосна контрола во врската.

Стрелец (23 октомври – 21 ноември)

Стрелците се најбезгрижните знаци во хороскопот и едни од најголемите авантуристи. Тие ги сакаат забавата и возбудата, но имаат преголеми очекувања за нивните партнери.

Јарец (22 декември – 19 јануари)

Јарците немаат доверба во секого и ќе мора малку да поработите за да добиете место во нивниот живот. Треба да бидете силни и трпеливи ако сакате да успеете во ваквата цел и да ја докажете својата упорност. За жал, не секој е спремен на ваквиот потег.

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

Паметни и досетливи, Водолиите се оној вид партнери кои се директни и не се плашат да го кажат тоа што го мислат. Иако ова може да биде привлечно на почетокот, подоцна се случува да ги обесхрабри и да им здодее на нивните партнери.

Риби (19 февруари – 20 март)

Рибите се едни од најемотивните знаци во хороскопот. Со нив е потешко да се стапи во љубовен однос, бидејќи тие понекогаш знаат да се присетуваат на своите поранешни партнери или да патат по невозвратената љубов. Бидејќи повремено знаат да ги рефлектираат ваквите мисли врз нивната нова љубов, нивните партнери можат да се почувствуваат непријатно и занемарено.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар