4 докази дека добрите девојки сепак ги добиваат добрите момци

Повеќето сметаат дека добрите момчиња ги привлекуваат лоши девојки, но вистината е дека тоа не е секогаш така. Погледнете ги овие причини кои ќе ви покажат дека не би требало да се преправате дека сте лоша девојка само за да го привлечете момчето од вашите соништа.

4 докази дека добрите девојки сепак ги добиваат добрите момци

1. Момчето кое имате намера да го задржите ќе сака да го третирате добро

Вашата добрина нема никаква врска со тоа што тој решил да се оддалечи од вас. Ако тој одлучи да си замине затоа што сте го третирале добро, тогаш очигледно е дека не е вистинскиот за вас. Не менувајте се. Бидете онакви какви што сте и ќе привлечете некој што ќе ве сака токму таква девојка – добра и внимателна во љубовта!

2. Полесно му е да се зборува со вас бидејќи сте повнимателни

Да се биде добра и внимателна личност се едни од најважните работи во животот и секој би требало да се стреми кон тоа. Добрите момчиња ги привлекуваат жени кои може да ги ислушаат и на кои можат да го кажат своето мислење. Добрите девојки нема да ги осудуваат пребрзо и најчесто покажуваат разбирање. Зарем му треба нешто повеќе?

3. Го препознавате и го цените напорот на другите

Честа причина што добрите момчиња ја прекинуваат нивната врска е тоа што партнерката не ги цени доволно нивните постапки. Тука имаат предност добрите девојки. Кога се со нив, момчињата знаат дека другите се свесни за нивниот напор, при што чувствуваат дека нивните гестови се исплатливи.

4. Ги правите работите од срце

Добрите девојки прават добри дела без да очекуваат награда или пофалба за тоа. Тие едноставно ги прават работите со големо внимание и љубов. Па, за момчињата ништо не е повозбудливо од тоа кога знаат дека до себе ја имаат девојката која најмногу од сѐ сака да гледа насмевка на нивното лице.

Па, наредниот пат кога ќе помислите дека вашата љубезност и добрина биле виновни што пропаднала вашата врска, размислете повторно за тоа со каков вид личност сакате да го поминете остатокот од вашиот живот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар