3-те навики за личен развој што се навистина преценети

Постојат неколку навики за личен развој што се навистина преценети, без разлика дали е тоа нешто што наводно е одлично за вашата продуктивност, или некоја вежба која не изгледа најдобро. Важно е да работите на себе, но исто важно е и да знаете што е вистина. Денес е навистина тешко да одредите што навистина функционира, а што е само реклама, па затоа погледнете кои навики за личен развој се преценети.

3-те навики за личен развој што се навистина преценети

1. Медитацијата не е лек

Понекогаш моќта на медитацијата може да ви изгледа дури и мистична. Но фотографиите што ги гледате од луѓе седнати на рид како медитираат не ја прикажуваат нејзината реалност. Понекогаш медитацијата навистина може да ве смири и да ви помогне да донесете одлука. Но, најчесто ќе се чувствувате неудобно. Целта на медитацијата е да ја сфатите вистината, а ова бара да се надминете себеси и навиките што сте ги имале со години. Па, кога ќе седнете да медитирате, ќе почнете да се соочувате со секакви работи од вашето минато, вклучувајќи ги траумите и проблемите со ниската самодоверба.

Покрај тоа што медитацијата не е секогаш неверојатно искуство, таа не е ни лек. Иако на Интернет ќе најдете безброј придобивки од неа, секој реагира различно на медитацијата и на нејзините различни видови. Додека некои навистина ќе пронајдат мир, за некои медитирањето ќе биде ништо друго освен борба.

Вреди да медитирате и тоа е можеби најдоброто нешто што можете да го направите за вашето ментално здравје, но не е секогаш лесно и медитацијата не е лек за сите проблеми.

2. Будењето рано не е за секого

Една од најпопуларните идеи за модерниот личен развој е будењето рано. Многумина ќе ви кажат дека будењето рано е како медитација за продуктивност. Разбудете се час или два порано и ќе бидете многу попродуктивни, барем така велат сите. Будењето рано не само што ви дава повеќе време наутро, туку нуди и атмосфера која е идеална за работење и креативно мислење.

Но проблемот е што се верува дека ако едно нешто функционира за некој, треба да функционира за сите. Многу луѓе едноставно се попродуктивни како ноќни птици. Доколку подобро работите и размислувате навечер, можеби будењето рано не е за вас. И двете навики си имаат предности и недостатоци, па најдобро е да го слушате вашето тело и да си изградите ваш ритам на функционирање.

3. Го правите личниот развој премногу за себе

Личниот развој значи да се подобрите себеси. Но, една од најголемите грешки е тоа што го правите само за себе и се изолирате од остатокот од светот. На овој начин игнорирате колку добро работите додека сте со други.

Барањето на вашиот успех додека сте изолирани од другите е како егоистична фантазија, додека вистинскиот напредок бара да соработувате со другите во секоја фаза. Не можете да постигнете ниту една голема цел сами, па колку повеќе соработувате со другите, толку ви се поголеми шансите за успех.

Погледнете ги и овие едноставни навики што ќе ви го подобрат расположението.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар