3 начини да откриете дали сте повторно подготвени за љубов (или едноставно ви треба куче)

3 начини да откриете дали сте повторно подготвени за љубов (или едноставно ви треба куче)

Продолжувањето понатаму по раскинување, развод или смрт на партнерот може да биде навистина тешко. Сите сакаат да мислат дека се подготвени за нова врска, но токму поради ова брзање можат да си создадат голем проблем. Дали вие навистина сте подготвени да почнете од почеток? Или можеби сè што ви е потребно во моментов е само безусловната љубов од едно мало кутре кое ќе ве сака во целост, без разлика на сè.

3 начини да откриете дали сте повторно подготвени за љубов (или едноставно ви треба куче)

1. Дали сте се соочиле со смрт на вашиот партнер?

Многу нешта зависат од начинот на кој вашата претходна врска завршила. Дали вашиот партнер починал? Оваа ситуација со себе носи многу нерешени проблеми. Дали смртта била очекувана? Дали бавна болест го одземала неговиот/нејзиниот живот? Или пак, станува збор за нешто ненадејно, како срцев удар? Кога нештата се очекуваат, тие ни овозможуваат доволно време за тагување и прифаќање на ситуацијата. Без разлика колку е застрашувачко, времето помага полека да се прифати неизбежното. Но, ненадејната загуба е тешко искуство кое доаѓа како шок за целото тело и ум.

Вие мора да си дозволите да тагувате и да жалите за загубата. Мора да си дозволите да стигнете до она место каде повторно ќе почнете барем малку да се чувствувате како старите вие и потоа од таму да продолжите со вашиот живот. Стигнувањето до тука понекогаш бара многу време, но не треба да брзате. Едноставно дозволете си полека да се подобрувате. Ова правило важи и за обичното раскинување по долга врска или разводот. Осаменоста и редефинирањето себеси како индивидуа наместо како пар е процес кој трае.

2. Дали вашата врска завршила по заеднички договор?

По раскинувањето, личноста има тенденција да ја префрли својата одговорност на бившиот партнер и да ја насочи целата вина кон него или неа. Но, откако ќе помине некое време, оваа личност почнува појасно да гледа на ситуацијата, наоѓајќи ги и своите грешки. За една врска да успее, потребно е двајцата да се борат и взаемно да работат на проблемите со кои се соочуваат. Но, понекогаш гордоста може да ги замагли нештата, отежнувајќи им на партнерите да видат каде тие самите грешат.

По раскинувањето и пред да почнете повторно да одите на љубовни состаноци, најпрво мора да се прашате дали сте си дозволиле доволно време за интроспекција. Дали сте ги пронашле вашите слаби страни? Што можете да подобрите со цел следната врска да ви биде поздрава? Не е целта само да најдете личност која ќе спие на истиот кревет покрај вас, туку да изградите врска која ќе ви носи долготрајна среќа и радост во вашиот живот.

3. Дали знаете точно што сакате?

Дали одлучивте што сакате и што барате од вашата врска? Студиите покажале дека човечките суштества се посреќни како пар. Оние кои се во брак живеат посреќен живот, дури и покрај тоа што има сè повеќе разводи. Тие живеат поздраво и работат подобро кога се во долготрајна љубовна врска.

Токму затоа мора да најдете начин како да го дефинирате тоа што ви е важно. Можете да напишете листа, да визуализирате личност или ситуација со цел да ја создадете совршената ментална слика за тоа каков живот сакате и каков треба вашиот партнер да биде за вие да бидете среќни. Исто така треба да најдете време и да ги дефинирате целите за вашата следна врска. Можеби ви звучи како одлична идеја да одите дома со таа прекрасна црвенокоса или згодниот мускулест дечко кои само што сте ги запознале, но не заборавајте дека тоа е само моментално нешто, а вам ви е потребно многу повеќе. Вие сакате среќа која ќе трае долго, а не таква ќе трае само една вечер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар