3 начини да ја победите несигурноста и да добиете сè што посакувате

И вие, како и сите луѓе си поставувате цели, но чувствувате дека вашата иднина ја градите на нестабилни темели, кои едноставно нема да бидат способни да ги издржат вашите прекрасни сништа и желби? Се чувствувате несигурно, исплашено и едноставно не можете да се снајдете во животната улога која што ви е предодредена или која што самите сте ја избрале.

(1) 3 начини да ја победите несигурноста и да добиете сè што посакувате

Наместо таквата тежина, веројатно постојат барем 3 работи кои во моментов толку многу ги посакувате:

  • Сакате да се чувствувате слободно, да дишете длабоко и да имате време за себеси без да се чувствувате виновни.
  • Сакате да се поврзете со вашата внатрешна моќ, при што со сигурност ќе донесувате одлуки кои се во согласност со вашите уверувања и вредности.
  • Сакате да се чувствувате сакано, да го отворите вашето срце за нова љубов и никогаш повеќе да не бидете повредени.

Откако ќе си потврдите дека ова се трите основни нешта кои искрено си ги посакувате, потоа работите ќе се одвиваат полесно. Сложувалката полека ќе почне да се мести и за некое време ќе можете пред себе да ја видите вашата животна слика којашто одамна сте си ја посакувале. Првиот чекор кој мора да го направите е да се посветите на создавање квалитетна и здрава врска со себеси. Таа врска ќе ви помогне вистински да дишете, да ги откриете своите скриени моќи и да создадете безусловна љубов кон својата личност. Така ќе изградите цврста основа врз која ќе ги градите понатамошните врски и успеси.

Ние ви нудиме три едноставни совети кои можете да почнете веднаш да ги применувате и кои брзо ќе ви дадат позитивни резултати, а вие ќе се чувствувате добро во сопствената кожа. Овие три совети, кои можат да ви прејдат во едноставни дневни навики, нема да ви одземат подолго време од 5 до 10 минути, но ќе ви ја освежат енергијата и ќе ве наполнат со позитивни емоции.

(2) 3 начини да ја победите несигурноста и да добиете сè што посакувате

1. Запишете 3 позитивни емоции што сакате да ги почувствувате истиот ден

Со ова ќе ѝ дадете директна наредба на вашата потсвест да најде три нешта во текот на тој ден кои ќе ги поттикнат таквите чувства. Доколку не сте конкретни околу тоа што сакате, тоа е исто како да седнете во ресторан и на келнерот да му кажете „Сакам ручек“ и едноставно да чекате какво јадење ќе се појави пред вас. Точно одредете дека сакате да почувствувате среќа, благодарност, самодоверба… Време е да почнете да му давате точни правци на вашиот живот.

2. Медитирајте

Вдишувајте и издишувајте длабоко, притоа замислувајќи како ги исфрлате од вас сите лоши емоции кои владеат со вашиот ум. Ослободете се од црните и тешки мисли кои ве спречуваат да се чувствувате силно и самоуверено.

3. Мислете на нешто за што сте благодарни

Чувствувајте ги, наместо да размислувате за позитивните емоции. Тоа ги зголемува вашите енергетски вибрации. Вие го добивате назад она што го испраќате од вас. Затоа, потрудете се да се наполните со позитивна енергија која ќе се рефлектира од вас и ќе ви се враќа како бумеранг.

Наместо по автоматизам за сите нешта да одговарате со „Да“ или „Не“, размислувајте пред секоја одлука, па дури и онаа која ви изгледа како најбанална. „Дозволете ми да размислам“ или „Ќе ви одговорам набрзо“ се можеби најсоодветните одговори кои би требало да ги давате кога од вас се бара да донесете некоја одлука. Можеби чувството на преоптовареност се појавува затоа што често преземате на свој грб туѓи обврски, затоа најдете начин да се ослободите од сето она што не е ваша одговорност и трасирајте си го патот кон личниот успех и исполнетост.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар