3 едноставни совети за брзо подобрување на расположението

Навистина е лесно да ви се расипе расположението. Доволно е да слушнете само еден лош коментар наутро, за целиот ден да се чувствувате лошо. За среќа, постои начин да го промените тоа, а овие едноставни совети навистина ќе ви помогнат.

3 едноставни начини за брзо подобрување на расположението

1. Гледајте фотографии од вашите деца, пријатели или домашни миленичиња

Одберете фотографија од децата, пријателите или миленичето што прави да се чувствувате добро. Додека ја гледате фотографијата, размислете зошто токму таа ве прави среќни. Можеби ве потсетува на некој смешен настан или на некој убав ден. Истражувањата покажале дека размислувањето за убави настани од минатото може значително да ви го подобри расположението.

2. Започнете го денот со позитивна изјава за себе

Мотивациониот говор може да ви ја зголеми самодовербата, бидејќи она што го мислите има влијание врз вашите постапки и емоции. Имајте на ум дека овој говор треба да биде заснован на факти. Ако на пример си кажете дека сте добар родител, ова можеби е вистина, но доколку сте со лошо расположение, сигурно нема да си поверувате.

Наместо тоа, кажете си дека сте добар родител бидејќи сте направиле нешто што го усреќило вашето дете. Колку е подетална изјавата, толку е поголема веројатноста да си поверувате, а со тоа и да го подобрите вашето расположение.

3. Секој ден пофалете барем три личности

Истражувањата покажале дека на овој начин полесно ќе стекнувате пријатели. Истовремено, ќе ја зголемите вашата самодоверба бидејќи луѓето неретко возвраќаат на добрите комплименти. Па, уште денес започнете го овој циклус на среќа.

Погледнете и кои се малите промени што ќе направат голема разлика во вашето расположение.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар