18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

Излегувате подолго време и на памет ви паѓа да го поставите големото прашање? Тогаш продолжете со читање. Ова се знаците кои покажуваат дека сте во врска со девојката која треба да ви биде сопруга.

18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

1. Ги знае вашите пријатели и се грижи за нив

Ги знае по име сите, и блиските и не толку блиските. Знае што се случува во нивните животи и прва ќе крене слушалка да им честита роденден или да им „мести“ некоја пријателка. Никогаш не би сакала да се претворите во оние кои си ги забораваат другарите откако ќе почнат сериозна врска.

2. Кога одите заедно на патување или одмор, не се карате постојано

Дури и ако автобусот се расипал или хотелот не бил како на сликите, вие ќе најдете начин да не избувнете и сепак да го извлечете најдоброто од понуденото.

3. Одвреме-навреме ја фаќате како ве мерка од глава до пети

Слатко е кога ќе помислите како ве мерка подгризнувајќи си ги усните, како вие да сте најсекси суштество на светот. Го прави тоа несвесно, исто како „тазе“ заљубените девојки.

18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

4. Имате исти животни приоритети

Делите исти вредности и приоритети. Се согласувате за најважните животни прашања. Ако вас семејството ви е важно, важно ѝ е и неа.

5. Сака да се фали со вас

Не ве пушта од рака додека разговара со некој друг, ве гледа со заљубен поглед и неретко ќе ве пофали за постигнатото пред други.

6. Кога пријателот се жали за својата врска, воопшто не се пронаоѓате

Зарем така постапила? Тоа е толку различно од вашата девојка. Всушност, кога слушате како пријателот се жали за љубовта ви се чини дека вие сте од друга планета.

18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

7. Таа е вашата најголема поддршка

За што и да треба да одлучите, со каков проблем да се соочувате, таа е тука, и секогаш е на ваша страна. Го сака најдоброто за вас и за вашата иднина, па ќе ви ја даде целосната поддршка дури и тогаш кога од неа се бара пожртвуваност.

8. Слободно ја вклучувате во плановите за иднината

Ако, да речеме, свадбата на вашата сестра е за една година, без ни малку да се почувствувате чудно, го планирате вашето заедничко одење.

9. И двајцата сте подготвени на компромис и сте пожртвувани еден за друг

Не сака да биде само по нејзино, и ако тоа ве прави среќни ќе излезе од нејзината зона на комфорот.

10. Не се обидува да ве промени

Иако ги знае сите ваши маани и слаби страни, што секој од нас ги има, не се обидува да промени ништо кај вас. Не ве споредува со други, што би ве навредило. Едноставно ве прифаќа такви какви што сте.

11. Им се допаѓа на вашите пријатели

По толку состаноци кои тргнале наопаку, по толку напорни и токсични врски и флертови, вашите пријатели се среќни што имате таква девојка покрај себе.

12. Може целосно да бидете искрени со неа

Не чувствувате потреба да се преправате ниту пак да прикриете нешто. Може да ѝ кажете што било и се чувствувате слободни со неа.

18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

13. Таа е првата личност на која ѝ се јавувате кога нешто ќе ви се случи

Без разлика дали е тажна или среќна вест, прво кревате слушалка за да ја споделите со неа.

14. Ги прифаќа работите кои се чудни кај вас

Како некоја чудна или неразбирлива навика за која и вие би се срамеле. Гледате дека дури и почнува да ја применува.

15. Имате нескротлива потреба да ја заштитите

Постојано сте загрижени да не ѝ се случи нешто лошо. Кога ќе ви се јави растревожена посакувате да го убиете оној кој направил да се чувствува така.

16. Кога се карате, тоа го правите на фер начин

Таа се кара со вас на фер начин. Нема да спомнува нешто што се случило пред многу време ниту пак ќе гледа да ви ги погоди слабите точки или да ве потсети колку сте згрешиле во нешто.

18 знаци дека сте во врска со потенцијалната сопруга

17. Има свој живот настрана од вашата врска

Си има свој идентитет, нејзиниот идентитет не е слеан во врската. Неретко ќе излезе сама со другарките или ќе замине некаде без вас. И покрај тоа што многу ве сака, таа е самостојна.

18. Кога сте разделени ви недостига

Кога ќе ѝ кажете дека ви недостига, навистина го мислите тоа. Мразите да одите во кревет или да се будите без неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар