Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

Живеј во моментот! Толку е лесно да се каже, а сепак, сите ние повеќе или помалку се фокусираме на иднината или минатото наместо на сегашниот момент. Модерното време на живеење само по себе ни наметнува стрес и анксиозност, кои нè тераат упорно да живееме во иднината, да го планираме секој наш потег, наместо едноставно да се фокусираме и да уживаме во сегашноста. Иако корисно е и важно да се имаат планови за во иднина, од друга страна е многу лошо кога си преокупиран со тие планови. Еве зошто е неопходно да престанете постојано да планирате и вистински да живеете во сегашниот момент.

Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

Сегашниот момент е единствениот кој може да го контролирате

Сегашниот момент е тука и ви е на располагање. Може да одберете да го игнорирате, да го занемарите или максимално да му се посветите и да го искористите. Изборот е ваш. Може да го контролирате само она што ви се случува во моментов. Вие може да ја планирате иднината, но во никој случај нема да знаете што точно ќе биде. Планирањето нема да ви помогне да избегате од сегашноста. Може да ви помогне да остварите некои цели, но нема да ви помогне да го подобрите квалитетот на вашиот живот во моментов. Значи, планирањето не може да ви гарантира дека ќе го добиете она што го сакате во иднина, тогаш зошто да не го прифатите она што може да го контролирате сега?

Секој момент е непроценлив подарок

Ова е многу важно. Никогаш не знаете кога ќе биде вашиот последен момент. Сите ние имаме ограничен број моменти на располагање. Времето не можеме да го купиме со пари. Времето го добиваме на подарок и доколку не знаеме правилно да го искористиме, едноставно ќе нè одмине со сите убави моменти кои ги носи сегашниот миг.

Живеењето во сегашниот момент го редуцира стресот и ве прави посреќни

Толку многу грижи имаме на ум, како товар. Минатото, иднината, што ќе правиме, што ќе биде и сл. Ако едноставно се фокусираме на сегашниот момент и оставиме простор за малку спонтаност во иднина, ќе се поштедиме од многу стрес.

Живеењето во сегашноста е едно од најважните нешта од кои зависи вашата благосостојба. Само со свеста за сегашниот момент може да си дозволите себеси вистински да ги видите малите убави нешта кои ви се случуваат и да живеете среќен живот.

Зошто треба да живеете во моментот наместо многу да планирате?

Плановите често не излегуваат по предвиденото

Колку често ви се случува да планирате нешто што воопшто нема да испадне по планираното? Најчесто нештата не излегуваат баш онака како што сме ги планирале. Затоа имајте некоја замисла за утрешниот ден, но примарно живејте го денешниот и бидете подготвени да поднесете сè што тоа утре може непланирано да ви донесе.

Со постојаното планирање вие не живеете вистински

Само размислете. Ако постојано планирате за тоа што ќе правите или што ќе биде утре, колку вистински живеете денес? Факт е дека животот се случува сега, а ако навикнете постојано да планирате и кога ќе дојде тоа утре вие ќе бидете зафатени планирајќи го следниот ден. На крај ќе испадне дека сте живееле во една голема илузија и фантазија наместо во реалноста. Секогаш кога вашиот мозок ќе почне да размислува за иднината, фокусирајте се на она што се случува сега и вистински живејте во сегашноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар