16 опасности од кето диетата за кои треба да знаете

Досега веројатно сте слушнале за кето диетата. Иако можеби овој начин на исхрана стана популарен неодамна, кето диетата постои уште од 1920-тите. Но, во овој период луѓето не се обидувале да ослабат, туку ја користеле диетата за деца со епилепсија.

16 опасности од кето диетата за кои треба да знаете

Овој начин на исхрана е карактеризиран со многу мала доза јаглехидрати и се фокусира на храна богата со масти. Слично и како Аткинсоновата диета, и овој начин на исхрана помага при слабеењето така што го става телото во метаболичката состојба позната како кетоза. Доколку сте одлучиле да ја пробате оваа диета, погледнете кои се опасностите од неа за коишто треба да бидете свесни.

1. Зголемено чувство на глад

Држењето диета може да биде навистина тешко. Држењето диета во која се забранети јаглехидратите е уште потешко. Истражувањата покажале дека повеќе од половина луѓе кои ја пробале кето диетата се откажале во првите неколку недели. Покрај тоа, луѓето често враќаат повеќе килограми отколку што изгубиле.

2. Променливо расположение

Луѓето кои ја пробале диетата се пожалиле на променливо расположение. Обидот да се справите со желбата за храна и чувството на глад и после оброкот може да предизвика нервоза. Кето диетата може да го намали и нивото на шеќер во крвта што го тера мозокот да „паничи“, а ова може да предизвика депресија и анксиозност.

3. Кетоацидоза

Кетоацидозата настанува кога ќе се претера со кетозата. Штом кетозата ќе се акумулира во крвта, може да стане кисела и да предизвика кома или смрт.

4. Намалено консумирање натриум

Натриумот е добар за нашите тела – им помага на мускулите да се стегаат и ги регулира течностите во крвта. Многу луѓе кои ја држеле кето диетата, не внесувале доволно натриум во нивните тела. Ова резултирало со грчеви во нозете, ниско ниво на енергија и „замаглен“ мозок.

5. Грип

За здрав имунитет потребна е здрава исхрана. Храната богата со омега 3 масни киселини, како овошје и продукти од цело зрно, не е дел од кето диетата. Ова го изложува вашиот имунитет на ризик.

6. Лош здив

Откако телото ќе ја разгради храната со масти од кето диетата, ја претвора во состојки како ацетон и ацетоацетична киселина. Телото ќе се обиде да воспостави рамнотежа и ќе ги отстрани овие состојки преку дишењето, со тоа предизвикувајќи лош здив.

7. Висок холестерол

Холестеролот се наоѓа во мастите во вашата крв. Кето диетата содржи храна со многу масти, како протеини и млечни производи, што можат да го зголемат нивото на холестерол, доколку ги консумирате пречесто.

8. Нередовни менструации

Жените кои нагло ќе ослабат со кето диетата можно е да забележат нередовен менструален циклус, кој пак може да предизвика депресија и анксиозност.

9. Проблеми со стомакот

Кето диетата е поврзана со дијареја и констипација. Избегнувањето храна богата со хранливи влакна, како овошје и продукти од цело зрно, предизвикува констипација. Од друга страна мрсната храна, како млечни производи и месо, може да предизвика дијареја.

10. Ниско ниво на енергија

Многу луѓе изјавиле дека се чувствувале летаргично откако ја започнале диетата. На телото му е потребно време да се прилагоди на недостатокот од јаглехидрати.

11. Дехидратација

Кога ќе ја започнете кето диетата, вашето тело поинаку ќе се справува со водата и електролитите. На почетокот поретко ќе чувствувате надуеност, но само поради губењето вода од телото.

12. Кето грип

Кога телото не прима јаглехидрати, бара други извори на енергија. Наместо да согорува гликоза, телото ќе почне да согорува кетони. Ова може да предизвика шок на телото и да се појават симптоми слични на грип, како болки во мускулите и замор.

13. На телото му се потребни јаглехидрати

Јаглехидратите се важен дел од исхраната. Тие треба да бидат главен извор за енергија во здравата и урамнотежена исхрана.

14. Почнување и прекинување на диетата

Кето диетата е строга и тешка за следење на долг период. Луѓето кои ја пробале, најчесто им се враќаат на старите навики за јадење откако ги изгубиле килограмите. Докажано е дека почнувањето и прекинувањето на диетите води до зголемен апетит и дебелеење.

15. Камења во бубрезите

Бидејќи кето диетата е со малку јаглехидрати и многу масти, преработеното месо е важен дел од неа. Кога телото ги преработува протеините, ја зголемува киселоста и калциумот во урината. На овој начин полесно се создаваат камења во бубрезите.

16. Губење на мускулна маса

Иако е вистина дека мускулите тежат повеќе од салото, колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе согорувате. Луѓето кои ја држеле кето диетата три месеци забележале дека ја изгубиле мускулната маса во нивните нозе.

Прочитајте ги и овие нешта што би требало да ги знаете за кето диетата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар