10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

Научните откритија се појавуваат побрзо отколку што луѓето можат да ги разберат, па околу секоја научна тема постојат многу митови, а овде спаѓа и екологијата. Луѓето кои се обидуваат да ги направат нивните животи „почисти“ испуштаат значајни детали, или едноставно погрешно интерпретираат одредени мислења и верувања. Па, погледнете некои од најпознатите факти за нашата околина и дознајте ги ситните детали што се кријат зад нив.

1. Мислиме дека откажувањето од месо ќе ја намали емисијата на јаглерод

10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

Без сомнение, месната индустрија емитува повеќе јаглерод од одгледувањето зеленчук. Па, вегетаријанството има позитивно еколошко влијание. Но, производството на одредени млечни производи може да нанесе многу штета. Доколку не јадете месо но консумирате млечни производи, речиси и да не правите разлика. Кога станува збор за исхраната, најдоброто што можете да го направите за планетата е да бидете вегани.

2. Мислиме дека честото вриење вода е штетно

10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

Количеството јаглерод што го емитувате зависи не само од тоа колку често вриете вода, туку и од видот на вашиот вокал. Електричните бокали побрзо ја загреваат водата, но струјата потребна за нив произведува речиси 3 пати повеќе стакленички гасови за разлика од гасот. Па за да ја заштитете околината, најдобро е да користите бокал за на шпорет или шпорет на гас.

3. Мислиме дека користењето еколошки детергенти е безбедно

10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

Еколошките детергенти навистина содржат биоразградливи и растителни состојки што не се многу токсични. Но всушност најлошо влијание на климатската промена има вриењето на водата. Доколку најдете еколошки детергент кој е ефективен на ниска температура, тоа е одлично. Во спротивно подобро е да одберете обичен детергент, отколку да ја зголемувате температурата на водата.

4. Мислиме дека купувањето локални продукти ја штити околината

10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

Индустријата за транспорт има големо влијание врз околината, па затоа е побезбедно да купувате локални производи наместо увезени. Колку подалеку патувал продуктот, толку полошо влијание има на околината. Но, локално не секогаш значи најдобро. Квалитетот и еколошката вредност на продуктот зависат од регионот. На пример, истражувањата покажале дека цветовите одгледани во сончевата Кенија емитуваат помалку јаглерод, за разлика од оние одгледани во холандските стакленици. Траењето на транспортот е важно, но не е единствениот факт што треба да го земете предвид.

5. Мислиме дека пелените за повеќе употреби ќе ја спасат планетата

10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

Градските депонии се полни со пелени. Но наводно, пелените од платно се поопасни кога станува збор за глобалното затоплување. И овој пат виновно е перењето на висока температура, сушењето и пеглањето. Се препорачува да купувате пелени за една употреба, или воопшто да не ги употребувате.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар