14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Голема е веројатноста барем еден од вашите пријатели да се обидува да ослаби со кето диетата или ви има зборувано за нејзините магични резултати. Причината е што моментално ова е најпопуларниот тренд за исхрана. И не ја пробуваат само обичните луѓе, туку и познатите како Хали Бери, Ванеса Хаџенс и Меган Фокс наводно ѝ дале шанса.

Со кето диетата треба да јадете многу масти, умерено количество протеин и малку јаглехидрати. На кратко, ова е сосема поразличен начин на исхрана од оној на којшто речиси сите сме навикнати. Ако планирате да ја пробате и вие, важно е да ги знаете овие 14 нешта.

1. Целосно ќе се промени начинот на којшто се храните

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Ако се храните како повеќето луѓе, најверојатно од 50% до 65% од внесената храна се јаглехидрати. Ако ја почнете кето диетата, калориите ќе се состојат од околу 75% масти, 20% протеини и 5% јаглехидрати.

2. Ќе се промени начинот на којшто вашето тело ја користи храната

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

За време на кето диетата, вашето тело ќе влезе во состојба наречена кетоза, односно телото не добива доволно енергија од јаглехидрати, туку го согорува салото. Поради ова ќе почнат да се лачат кетони што ќе ви ја даваат потребната енергија.

3. Можете да ја прилагодувате

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Иако е кажано колкав е соодносот на хранливите материи што ги внесувате, овие бројки се со цел да постигнете кетоза. Сепак ако ова не ви помага да ја постигнете посакуваната цел, лесно можете да ја прилагодите диетата со менување на соодносот.

4. Потребно е време за телото да се прилагоди

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Кето диетата ќе направи и големи промени во функциите на вашето тело. Ова значи дека ќе биде потребно подолго време за да ги видите посакуваните резултати. Важно е да знаете дека ако не можете да влезете во состојба на кетоза и ако не ги гледате резултатите за кратко, немојте да се откажувате. Само дајте си повеќе време.

5. Нејасно е дали диетата е долгорочна опција

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Засега не се знае дали кето диетата е долгорочна или треба да ја држите само одреден период. Додека некои сметаат дека е добро да се држите до неа за телото да не мора постојано да се прилагодува, не е познато какво влијание има диетата ако ја држите подолго. Затоа е најдобро да се консултирате со вашиот лекар.

6. Ќе ви помогне да ослабите

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Слабеењето е најчестата причина што луѓето ја започнуваат оваа диета. Кога јадете многу добри масти, вашето тело знае како да ги согорува и ова прави да се чувствувате сито подолго време. Исто така, повеќе нема да зависите од храна што ве дебелее.

7. Има бројни здравствени придобивки

14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

Покрај слабеењето, кето диетата нуди и многу здравствени придобивки. Таа го подобрува нивото на шеќер во крвта, нивото на инсулин и холестеролот. Некои дури ја препорачуваат за пациенти со рак бидејќи наводно го спречува растењето на туморот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар