Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, следејќи ја истата рута како својот претходник

Потонувањето на Титаник е можеби најпознатиот бродолом на сите времиња. Познат по големината и брзината, во тој период Титаник бил најголемиот брод и наводно не можел да потоне. Но неговата судбина била трагична и не го завршил ни своето прво патување од Саутхемптон до Њујорк.

Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатре

На 15-ти април 1912-та година, Титаник потонал по судир со леден брег. Од 2.224-те патници, загинале над 1.500 со тоа станувајќи и една од најсмртоносните катастрофи во вода.

Титаник ги воодушевувал сите со неговиот дизајн, технологија и големина. Неверојатниот број на детали можат да се видат и денес на потонатиот брод. Се зборувало дека Титаник е брод невиден досега. Затоа и неговото потонување продолжува да си игра со човечката имагинација.

Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатре

Па ако отсекогаш сте се прашувале како би изгледало патувањето на Титаник, конечно ќе можете да го направите тоа со Титаник II.

Конструкцијата била направена според оригиналниот брод и изгледа ова ќе биде неверојатна комбинација на денешната технологија и стариот дизајн. Изградбата започнала во 2012-та година, но била прекината поради финансиски проблеми. Бидејќи се најдени нови спонзори, сега се очекува Титаник II да заплови во 2022-та година и да го заврши патувањето на неговиот претходник. Иако се направени неколку прилагодувања со цел да се надградат технологијата, безбедноста и структурата, Титаник II ќе наликува на оригиналниот брод што е можно повеќе.

Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатре

Бродот ќе биде со должина од 270 метри и ќе има простор за 2.435 патници и екипаж од 427 луѓе. Како и оригиналот, и овој брод ќе има сместување за прва, втора и трета класа со различна цена. Ќе има простории за пушење, кафетерии, ресторани, место за шопинг, казино, театар, па дури и болница.

Титаник II ќе заплови во 2022-ра година, погледнете како изгледа внатре

Оџаците на бродот се малку надградени и сега на нив има платформа за набљудување и опрема за навигација. Ако ви е страв од повторување на оригиналниот настан каде што немало доволно чамци за спасување, немојте да се грижите. Овој пат на бродот се наоѓаат 18 моторни чамци за спасување и се сокриени. Секој чамец има капацитет од 250 луѓе, многу повеќе од луѓето што ги собира на бродот.

Без разлика дали сакате да го искусите старото или да пробате нешто ново, наскоро ќе можете да запловите со еден од најубавите бродови на сите времиња.

Дознајте нешто повеќе за вистинските причини за потонувањето на Титаник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар