16 инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија

16 инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија

Ана Шахназарова патувала низ Индија цели 3 месеци. Кога се вратила, воодушевена од сè што научила за време на своето инспиративно патување, одлучила да ги сподели овие 16 неверојатни совети.

16 инспиративни совети што една Русинка ги научила за време на своето патување во Индија

1. Секогаш бидете во сегашниот момент, никаде на друго место

Секогаш бидете таму каде што ви е убаво, но не брзајте никаде. Ако мислите дека треба да бидете на друго место, одете таму каде што ве води вашиот внатрешен глас.

Но, не заборавајте, не секогаш треба да одите некаде за да пронајдете нешто. Поентата е секогаш да бидете присутни.

2. Дозволете сè да биде како што е

Не обидувајте се да ги контролирате другите луѓе и настани. Не планирајте и не очекувајте, туку посакувајте и опуштете се.

Научете да застанете, да се одморите и да направите пауза во којашто ништо не се случува.

Немојте секогаш да бидете трагач, дозволете им на настаните и на луѓето сами да се појават во вашиот живот. Овие работи не се појавуваат без причина.

3. Споделете ја слободата

Дајте си слобода да бидете такви какви што сте и дајте им слобода на другите да бидат такви какви што се, дури и ако се поразлични од вас. Запомнете дека секој оди по својот пат и секој треба да ги научи своите лекции. Ако вашите патишта се вкрстуваат, тоа е во ред, но ако се разминуваат и тоа е во ред, затоа што сè што се случува носи корист за вас, за нив и за сите останати.

4. Не плашете се

Не плашете се никогаш и од ништо. Променете го начинот на кој ги правите секојдневните работи. Ако мислите дека треба да кажете или да направите нешто, сторете го тоа и игнорирајте ги формалните пречки како што се „ јас веќе имам повратен билет“, „ немам пари за тоа“ или „нема да успеам“.

5. Помалку е повеќе

Не обидувајте се да имате сè одеднаш. Секогаш ќе имате сè што ви треба, а кога нешто недостасува, тоа ќе ви дојде од страна на вашите сестра, брат, пријатели или случаен странец. Бидете умерени во сè.

6. Немојте да се приврзувате за луѓето

Во спротивно, нема да го добиете искуството што е наменето за вас. Никогаш нема да останете сами затоа што каде и да одите ќе најдете луѓе кои се свои, кои ќе ве воодушеват, ќе ве инспирираат и ќе ве исполнуваат. Кога вашите патишта се разминуваат, колку и да трчате по некоја личност, нема да останете заедно, а од своите личности колку и да бегате, нема да можете да побегнете.

7. Ослободете

Ослободете со насмевка и со љубов. Ослободете ги сите и од сè. Но, никогаш не сметајте го тоа за збогување затоа што ништо не е конечно. Секогаш велете „благодарам и се гледаме“.

Не можете да изгубите нешто што го немате и не можете да добиете нешто што веќе е ваше.

8. Бидете како водата

Запомнете го принципот на морскиот бран: доаѓа и си оди. И тој принцип важи за сè: за состојби, за чувства, за предмети и за луѓе. Ништо не е статично и живееме во свет на движење. Поради тоа, не задржувајте се во една состојба затоа што и таа ќе се промени. Не постои нешто што можете да го задржите и затоа не трудете се да го сторите тоа, но бидете благодарни за моментите додека трае.

9. Слушајте го вашиот внатрешен глас

Слушајте ги советите на другите, но постапувајте како што ви кажуваат вашите чувства. Да се однесував на моето патување како што ми кажуваа другите, никогаш немаше да отидам во Варанаси и никогаш немаше да го пронајдам градот на моите соништа. Ако ги слушав другите, сè уште ќе се плашев од сè и ќе живеев во окови. Секогаш слушајте се себеси.

10. Имајте доверба

Верувајте во луѓето, во вселената, во Бог. Верувајте дека сè што се случува во вашиот живот се случува за ваше добро, дури и во најтешките времиња.

11. Посветете си неколку минути дневно само за себе

Правете што сакате: медитирајте, цртајте, пишувајте, одете на прошетка или едноставно уживајте во тишината. Дури и неколку минути ќе ви бидат доволно за да видите што ви треба и што е предизвикано од умот, од другите луѓе или од илузиите.

12. Сакајте се

Почитувајте ги вашите желби, соништа, тело. И знајте дека можете да имате сè затоа што сè е можно.

13. Споделувајте

Споделувајте го тоа што го имате со пријатели, со бездомници, со кучиња и никогаш не очекувајте ништо за возврат. Ако се храните само себеси, не правите нешто многу корисно.

14. Имајте желби

Но, бидете внимателни што посакувате затоа што тоа ќе се оствари. Бидете максимално прецизни при формулирањето на вашите желби.

15. За да можете да облечете нова кошула, прво мора да ја соблечете старата

Буквално и метафорично.

16. Патувајте

И тоа најдобро е да патувате сами. Затоа што каде и да одите, сите се секогаш со вас.

Прочитајте ги и овие прекрасни совети од принцезата Дијана кои се полни со мудрости за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар