15 знаци дека тој ја има контролата во вашата љубовна врска, а вие сте целосно немоќни

15 знаци дека тој ја има контролата во вашата љубовна врска, а вие сте целосно немоќни

Секоја здрава љубовна врска треба да се заснова на взаемна љубов, почит и разбирање. Секој од партнерите треба да вложува доволно со цел и двајцата да бидат среќни. Но, во некои случаи едниот партнер доминира од секој аспект, притоа имајќи ја целосната контрола, а ова не води кон ништо добро. Погледнете ги овие 15 знаци и ако се пронајдете во нив, тоа значи дека сте немоќни и дека вашиот партнер ја има контролата во вашата љубовна врска.

15 знаци дека вие сте немоќни, а тој целосно ја има контролата во вашата љубовна врска

1. Секогаш му дозволувате да биде по негово. И покрај тоа што јасно му дадовте до знаење дека не сакате да излегува на места каде што ја среќава неговата поранешна девојка, тој и понатаму го прави тоа, а вие го толерирате затоа што не сакате да го изгубите.

2. Се плашите да ги изразите вашите чувства. Што ако тој ви раскине ако вие ги изразите своите чувства и кажете колку сте лути? Не сакате да го преземете тој ризик, па ги задржувате своите чувства за себе.

3. Никогаш не одбивате секс. Не дека имате високо либидо, туку едноставно не сакате да го вознемирите и сакате да бидете добрата девојка која секогаш е подготвена да ја соблече својата облека за него. На некој начин сакате да се заштитите од изневерување, па мислите дека тоа ќе го постигнете доколку постојано имате секс.

4. Правите буквално сѐ за него. Готвите, чистите, ги миете садовите, додека тој во меѓувреме не прави ништо што треба да го прави добриот партнер. Очигледно е дека врската ви е еднострана.

5. На крајот секогаш вие се извинувате. Не е важно дали тој дома се вратил под дејство на алкохол или пак не ве известил каде е, кога дискутирате за тоа, на крајот секогаш вие завршувате извинувајќи му се.

15 знаци дека вие сте немоќни, а тој целосно ја има контролата во вашата љубовна врска

6. Ви треба дозвола за да ја напуштите куќата. Ако вашите пријатели ве поканат да излезете, вие не можете одеднаш да ја прифатите поканата, затоа што најпрво треба да го прашате вашиот партнер. Ако тој не ви дозволи да излезете, тогаш нема да го сторите тоа.

7. Тој се заканува дека ќе ја прекине вашата врска. Секогаш кога ќе му се налутите, тој ве потсетува дека постојат други девојки кои се заинтересирани за него. Тогаш се заканува дека ќе ве остави, па вие продолжувате да го правите она што тој го сака.

8. Чувате тајни од него. Ако испиете малку повеќе алкохол или пак добиете порака од машки пријател, вие не сакате да му кажете за тоа, затоа што не сакате да го налутите. Всушност, на некој начин ви е страв од него и од она што тој може да го направи.

9. Тој чува тајни од вас. Ако го прашате каде бил претходната ноќ или дали ве изневерува, а тој избегнува да ви одговори, вие ќе чувствувате дека не можете ништо да направите околу тоа и ќе ги оставите работите онакви какви што се.

10. Во неколку наврати ги откажува вашите планови. Ако во последен момент го откаже вашиот состанок, тогаш ќе закажете друг. Од кои било причини вие секогаш го оправдувате неговото однесување.

15 знаци дека вие сте немоќни, а тој целосно ја има контролата во вашата љубовна врска

11. Му дозволувате да кажува непријатни работи. Тој може да ги поминува вашите граници. Може да ве нарекува дебела, грда или неспособна, а вие сѐ уште да останете со него.

12. Го облекувате она што тој го сака. Никогаш нема да носите кратки здолништа, бидејќи тој мрази други мажи да гледаат во вашето тело. Вие се облекувате за да му угодите нему, дури и тоа да е облека што не ја сакате.

13. Секогаш му попуштате. Вашите компромиси не се навистина компромиси, затоа што вие секогаш завршувате давајќи му го она што го сака, а тој никогаш не ви враќа за тоа.

14. Принудени сте да барате пари од него. Тоа е како повторно да сте дете кое треба да ги моли своите родители за пари кога сака да излезе со пријателите. Тој целосно ги контролира финансиите и сите пари што ги заработувате одат директно кај него.

15. Очигледно тој е оној кој помалку се грижи. Во здрава љубовна врска, љубовта треба да биде еднаква. Ако нему не му е гајле дали вие двајца ќе останете заедно или не, тогаш тој речиси нема да прави никакви напори за да ве направи среќни. Заслужувате нешто подобро од него!

15 знаци дека вие сте немоќни, а тој целосно ја има контролата во вашата љубовна врска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар