15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

Начинот на кој ќе ги минете 20-тите години од вашиот живот наголемо ви го дефинира животот. Често ќе чуете дека 20-тите се најубавиот период од животот на секоја млада жена затоа гледајте да не ги потрошите залудно. Во овој период созревате, влегувате во светот на возрасните но сè уште сте привилегирани носејќи ја титулата најмлади меѓу возрасните. Светот ви изгледа како голема шарена експлозија на неограничени можности а животот е приказна која сами ја пишувате. Еве што треба да направите во оваа декада од вашиот живот, а доколку веќе минале вашите 20-ти, само сетете се дека никогаш не е доцна.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

1. Создадете навика за здрав начин на живот

Како 20-и-нешто-годишни не ни помислувате на болести и сосем сте задоволни од вашето тело. Тоа е одлично. Но, не заборавајте дека секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи. Секако дека нема да почувствувате никаков проблем ако го минете денот со чипс и лименка сок, но здравиот начин на живот е важен во секоја доба од животот. Не дека треба да се преокупирате со броење калории, едноставно создадете навика да се грижите за себе, за вашето тело и здравје, и бидете сигурни дека тој мал труд кој ќе ви биде потребен не е залуден.

Спијте добро и доволно, движете се, повеќе осврнете се кон здравата, свежа храна, апсорбирајте ја сончевата енергија. Ќе видите како ќе имате повеќе енергија и концентрација за извршување на вашите секојдневни активности. Вашите 20-ти се периодот во животот кога треба да почнете да живеете совесно, одговорно и здраво.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

2. Научете да дишете длабоко

Би биле изненадени колку длабокото дишење ви го олеснува животот, затоа вежбајте ја оваа техника често. Вдишете длабоко подигајќи го стомакот, избројте до 5 и долго испуштете го воздухот. Ова ќе ви помогне да се смирите и релаксирате, како и да дишете правилно за време на физичка активност.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

3. Створете навика за добар сон

Да, 20-тите навидум се години за долги ноќни журки, непроспиени ноќи, мамурни утра и подочници, и сосем е во ред да ви се случува тоа понекогаш, но не премногу често. Добриот сон ви го санира телото, мозокот и енергијата, а се грижи и за вашата убавина. Секогаш обрнете внимание местото каде спиете да биде чисто и проветрено, постелнината и креветот удобни а вие добро наспани. Сепак, 20-тите не се години за постојан замор и брчки, нели?

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

4. Научете да останете смирени во стресни ситуации

Доколку мислите дека сте под стрес сега, само почекајте да видите што ќе ви донесе животот за 10 години. Затоа научете да реагирате смирено во стресни ситуации. За да си помогнете, може да почнете со часови по јога и медитација, или пак некој спорт каде би се ослободиле од вишокот енергија и лутината што ја чувате во себе. Стресот е неизбежен дел од сечиј живот, ваше е како ќе реагирате на истиот.

5. Дефинирајте го вашиот стил

Оваа декада од животот ви дозволува да експериментирате со модни стилови и да се пронајдете себеси. Не останувајте монотони и затворени, дефинирајте го вашиот стил, каде се чувствувате како свои? Кога ви е најудобно во сопствената кожа? Не заборавајте да обрнете внимание и на вашата долна облека. Сега е периодот кога од девојка станувате жена, не плашете се да бидете секси. Облеката која ја одбирате, секогаш нека биде со вкус, но нека остава една силна порака за вас.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

6. Научете да се шминкате сами

Дефинирајте што најмногу ѝ прилега на вашата кожа и облик на лице, научете да се разубавувате себеси. Научете да користите лесна и суптилна шминка преку ден, а посмела за ноќните излегувања. Козметичките производи во никој случај не се нешто што може да се смета за неважно, па не го игнорирајте следново: Како вашата кожа реагира на одредени производи? Кои производи ви се потребни а кои не? Кои производи одговараат на вашиот тип на кожа?

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

7. Научете да готвите

Не, не поради некои стереотипи дека сте жена и треба да знаете да готвите. Гответе поради вас самите. Научете да приготвувате вкусни домашни оброци и да ја искористите својата креативност во декорација на храната. Работата во кујна може да биде забавна, а готвењето е техника која секогаш ќе ви биде потребна. Наместо да трошите пари во ресторан, разгалете се себеси со вашето омилено јадење кое ќе го приготвите сами.

8. Станете зависници од читање добри книги

Постојат многу извори на мудрост, но книгата останува на врвот. Како возрасна жена треба да имате развиено еден вид зависност од добри книги. Пронајдете се себеси во жанрот или авторот кој најмногу ви се допаѓа. Читањето има безброј бенефиции, но среќна е онаа жена која по стресниот ден знае да се опушти со книга и шолја кафе или чаша вино.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

9. Научете да играте шах

Поканете ги вашите пријатели на шах. Како и да ви звучи ова, шахот е одличен начин да се опуштите, да го вежбате мозокот и да спречите болести кои би ве нападнале подоцна во животот како деменција.

10. Станете сопствен финансиски советник

Во вашите 20-ти најверојатно ќе ги заработите првите пари па научете да ги трошите паметно и да ги распределувате рационално. Менаџирањето со сопствените пари е нешто што секоја девојка треба да умее да го прави, па колку и да звучи тешко да го тргнете погледот од тие штикли, некогаш со тешко срце ќе мора да признаете дека навистина не ви се потребни.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

11. Патувајте сами

Прво, патувајте што е можно почесто за да запознавате нови личности, менталитети, јазици, начини на живот и да вкусувате странски специјалитети. Како второ, патувајте сами. Ова звучи истовремено и застрашувачки, но и како најкул нешто на светот. Научете да бидете самостојни и да сте си доволни самите на себе.

12. Научете да бидете свои пред да станете дел од љубовна врска

Можеби во оваа декада ќе го кажете судбоносното „да“, а можеби и нема, но сепак, пред да стапите во сериозна врска или брак, запознајте се самите себе. Без разлика што ќе бидете дел од животен пар, вие сте сепак индивидуа. Секогаш најпрво потпрете се самите на себе и научете сами да излегувате од многу „каши“. Не дозволете вашиот идентитет да се слее во врската и да се изгубите себеси. Пред да стапите во брак научете кои сте вие, што сакате а што не, кои се вашите животни соништа и аспирации, и никогаш не заборавајте ги овие нешта.

13. Прифатете ја вашата сексуалност

Во 20-тите треба да бидете начисто со вашата сексуалност. Прифатете се како сексуални суштества и не срамете се од тоа, одамна мина времето кога жените не смееја да ја изразат својата сексуалност. Во вашите 20-ти треба да знаете што сакате а што не во интимните односи, да се запознаете себеси на интимен начин и да бидете слободни и самоуверени. Вие сте млади и секси, а тоа не е никаков грев.

14. Осврнете се кон реалните вредности во животот

Баталете ги социјалните мрежи и ценете ги пријателствата кои ги одржувате во реалниот живот. Бидете свесни за пријателите кои вредат да ги имате до себе и прекинете ги пријателствата кои беспотребно ви ја цицаат енергијата. Осврнете се кон она што е важно, кон она што навистина ве прави среќни, кон разубавување нечии животи, уживање во животот и искусување нови нешта. Доколку останете заглавени трудејќи се околу лажните вредности во животот, голема е веројатноста среќата да ве одмине.

15 работи кои секоја девојка треба да ги направи во своите 20-ти

15. Пробајте некој екстремен спорт макар еднаш

Соочете се со вашиот најголем страв и после тоа ви гарантираме дека веќе ништо нема да ве плаши. Откако ќе го преживеете тоа, без проблем ќе се соочите и со другите животни предизвици, бидете храбри!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар