15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпрете

Секој очекува најдобрите пријатели да му излезат во пресрет кога се соочува со тежок период. Но за жал не секогаш ќе имате на кого да се потпрете во овие ситуации. Сепак, тоа не е толку лошо бидејќи ќе научите некои многу важни нешта. Погледнете за кои станува збор.

15 нешта што ќе ги научите кога ќе нема на кого да се потпрете

1. Ќе сфатите дека понекогаш можете да се обидувате да им објасните нешто на другите, но тие ќе го сфатат тоа дури кога и нив ќе им се случи истото.

2. Ќе почнете да сфаќате дека на крајот само вие можете да си помогнете и дури тогаш ќе почнете активно да ги решавате проблемите.

3. Полесно ви е кога не разговарате за некои работи бидејќи потсвесно почнувате да ги очекувате, а потоа се разочарувате бидејќи не се случиле.

4. Сфаќате на кого навистина му е грижа за вас, а кој глуми. Во тешките моменти се познаваат вистинските пријатели.

5. Ќе сфатите дека некои од вашите најдобри пријатели познаваат само дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.

6. Некои луѓе ќе ги намалуваат вашите проблеми бидејќи „не се опасни по живот“. Држете се настрана од тие луѓе.

7. Ќе почнете да барате одговори наместо да барате одобрување и решенија надвор од вас. Ова значи дека ќе работите според вашата проценка.

8. Ќе научите како да бидете одговорни за вашиот живот. Ако нешто погрешите, вие сте виновни и нема да ги обвинувате другите за вашиот неуспех. Едноставно ќе научите како да ги водите вашите битки бидејќи не секој е на ваша страна.

9. На тежок начин ќе научите да се прифатите. Тешко е кога мислите дека сте сами, а уште потешко е да мислите дека не сте криви за тоа. Ќе мислите дека сте лош пријател, но на крај ќе престанете премногу лично да ги сфаќате работите и ќе бидете силни дури и кога сте сами.

10. Ќе научите да се носите со осаменоста. Ќе ги прифатите вашите мисли, стравови и збунетост. На крај ќе бидете непобедливи.

11. Ќе почнете да сфаќате како секој има некоја улога во вашиот живот, а улогата на некои луѓе не е толку важна. Некои се овде само повремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.

12. Ќе станете внимателни кога се во прашање идните врски. Веќе не им верувате на сите толку лесно. Ќе си поставите граници за оние кои баш и не ви мислат најдобро.

13. Ќе сфатите дека понекогаш е подобро да не им кажувате на другите сè за вас бидејќи не знаете кој и кога ќе го искористи тоа против вас.

14. Ќе сфатите дека можете и самите да се кренете кога ќе паднете и дека не треба да се потпирате на никого.

15. Ова е најтешката лекција, но и најважната. Можете да преживеете само сами бидејќи многу луѓе ќе сакаат да ве повлечат кон дното.

Погледнете и како да ѝ дадете поддршка на личноста која страда.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар