12 знаци дека го имате најдобриот секс во вашиот живот

12 знаци дека го имате најдобриот секс во вашиот живот

Без разлика дали сте во нова врска или пак, веќе подолго време сте со партнерот, постојат неколку знаци кои можат да ви укажат колку е навистина добар вашиот сексуален живот. Па, доколку се пронајдете во следниве 12 ситуации, тогаш без сомнение во моментов го имате најдобриот секс во вашиот живот…

12 знаци дека го имате најдобриот секс во вашиот живот

1. Тој секогаш се погрижува да завршите први. И кога ќе доживеете оргазам, се чувствувате како да сонувате и како сè тоа што ви се случува да не е реално.

2. Тој е секогаш подготвен за орален секс. Всушност, сигурно тој е повеќе расположен за орален секс отколку вие, правејќи ви баланс за сите претходни дечковци кои не сакале воопшто ни да чујат за него. Освен ако не се однесува за нив.

3. Тој не ги исмејува вашите фантазии. Вие се чувствувате удобно да разговарате со него дури и за вашите најдлабоки сексуални фантазии, бидејќи тој не ве осудува, туку баш напротив, се погрижува да ги оствари.

4. Тој не игнорира ниту една од вашите ерогени зони. Тој го истражил вашето тело толку детално што точно знае ви се допаѓа и возбудува, а што не.

5. Тој не го чувствува вашиот вибратор како закана. Знаете дека сте со некаков вид генијалец за секс кога тој не се чувствува исплашено од вашиот неверојатен вибратор бидејќи знае дека не може да се споредува со нешто што работи на батерии.

6. Тој е секогаш расположен за пробување нови работи. Без разлика колку се луди вашите идеи, тој е секогаш тука да ги испроба заедно со вас.

7. Тој никогаш не прави да се чувствувате чудно во вашето тело. И многу често ви дели комплименти кои секојдневно ја зголемуваат вашата самодоверба. Со други зборови, целосно го сака вашето тело.

8. Тој никогаш не ја турка вашата глава кон неговиот пенис. Бидејќи знае дека на тој начин може да ви наметне нешто што вам не ви се допаѓа и дека едноставно може да ве праша да го направите тоа без притоа да биде под притисок.

9. Тој ве бакнува по орален секс. Без разлика кој од вас давал, а кој добивал, тој воопшто не е гадлив од вашето тело и телесни течности.

10. Тој застанува кога и вие застанувате. Доколку не ви е до секс вечерва, не му е проблем само малку да се бакнувате, бидејќи неговото его не се руши доколку му кажете „не“.

11. Тој најмногу од сè е фокусиран на дозволата. И тоа е супер. Тој сака да се погрижи дека не правите нешто што вам не ви е пријатно, па токму затоа и постојано ве прашува за дозвола кога испробувате нови нешта.

12. Тој прави да посакате да ја откажете вечерата и да преминете директно на креветот. Толку многу ви се допаѓа начинот на кој тој прави да се чувствувате помеѓу чаршафите, што постојано мислите само на тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар