12 совети од познат гинеколог за најдоброто сексуално искуство

12 совети од познат гинеколог за најдоброто сексуално искуство

Д-р Кристијан Нортруп е познат гинеколог и авторка на неколку бестселери, меѓу кои и „Женското тело, женска мудрост“ и таа меѓу другото, тврди дека, без оглед на вашата возраст, можете да го доживеете најдобриот секс следејќи ги нејзините 12 совети.

12 совети од познат гинеколог за најдоброто сексуално искуство

Заборавете на Кегеловите вежби и обидете се со овие:

1. Фокусирајте се на вашето уживање. Без разлика дали уживате во сексот со партнерот или сами, најважно е да се поврзете со вашата виталност и да уживате во искуството.

2. Барајте го она што го сакате. Сфатете дека вашето уживање е важно и немојте да се задоволувате со партнер кој не ги почитува вашите потреби.

3. Одвојте време колку што ви е потребно. Престанете да гледате на часовникот и препуштете му се на задоволството. Уживајте во секој момент и не грижете се за тоа колку време ви е потребно за да се загреете или да го достигнете врвот на возбудата.

4. Запомнете дека оргазмот започнува со првото затегнување на вашиот пубококсигеален мускул. Не обидувајте се да „постигнете“ што било.

5. Користете доволно лубрикант. Кога сте доволно возбудени и крвта добро ви циркулира, слузницата се задебелува, но ако ова ви е проблем, можете да си помогнете со лубриканти. Гинекологот предлага лубриканти што го содржат растението „puerari mirificu“. Естрогенските кремови исто така може да ја задебелат вагинална слузница.

6. Направете го дното на вашата карлица флексибилно и функционално. Наместо да ја користите старата Кегелова техника за затегнување на мускулите, активирајте ги сите карлични мускули, за повеќе да уживате во сексуалниот однос и да спречите урогенитална инконтиненција. Ако станувате и седнувате 32 пати на ден додека сте на работното место, тоа може да ви помогне.

7. Запознајте ја вашата еротска женска анатомија, ценете ја и изразете ѝ љубов. Вашата еротска анатомија е прекрасен подарок! Запознајте ја и откријте како можете да ја стимулирате таа област.

8. Одржувајте го оптимално ниво на витамин Д во организмот. Соодветното ниво на витамин Д може да спречи вознемиреност и депресија, вообичаените непријатели на либидото. Можете да внесете витамин Д преку изложеност на сонце или со додатоци во исхраната.

9. Спијте доволно. Повеќето жени имаат потреба од осум до десет часа сон за да функционираат оптимално. Сонот ве обновува на клеточно ниво. Ви овозможува да се ослободите од насобраните хормони на стрес кои предизвикуваат воспалителни процеси што ѝ претходат на болеста.

10. Разбудете ги центрите за карлична енергија. Вашата прва чакра е центар на кондалинската енергија и во неа ја доживувате вашата животна сила. Втората чакра е вашиот втор енергетски центар и може да стане бавен и блокиран доколку имате нерешени емотивни проблеми во врска со сексот, парите и моќта. Ослободете се од гневот, повреденоста и стравот и пополнете ги долните чакри со енергија, вклучувајќи активности што ги активираат колковите.

11. Најдете нов партнер или станете нова партнерка. Кога ја доживувате вашата пријатна сексуалност и се впуштате во самозадоволување, станувате уште повеќе посакувани. Подобриот секс започнува од вас.

12. Свесно внесете спиритуалност во својот сексуален живот. Запалете мирисливи свеќи, пуштете убава музика и бидете божица чие телесно задоволство е каналот за исцелување на светот.

Можеби сакате да прочитате и дека неговата омилена поза во сексот открива што навистина чувствува и сака од вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар