12 нешта што треба да ги гледате како ваши предности, а не како недостатоци

Денес често ќе слушнете дека треба да бидете силни, да не им верувате на сите, дека не сите заслужуваат прошка… Но, всушност овие нешта не се толку лоши. Сосема во ред е да плачете и за најмали работи, да правите грешки и да им простувате на сите. Погледнете кои нешта се всушност вашите силни страни, а не вашите недостатоци.

12 нешта што треба да ги гледате како ваши предности, а не недостатоци

1. Ранливост

Плачењето пред другите и слободното искажување на емоциите не значи дека сте послаби од луѓето околу вас, туку токму спротивното. Потребна е храброст за директно да се соочите со вашите емоции наместо да ги потиснувате длабоко во себе. Треба да бидете горди на вашата ранливост и да ја прифатите.

2. Претерано грижење

Иако поради ова често сте повредени, никогаш не треба да ви биде срам од тоа што сте грижлива и добра личност. Би требало да се грижите за доброто на другите. Би требало да знаете дали саканите се во ред. Би требало да се грижите за нешто повеќе од себе. Не е погрешно премногу да се грижите. Грешка прават другите луѓе што ја свртуваат нивната глава.

3. Лесно приврзување

Иако можеби ова ви го скршило срцето веќе неколку пати, тоа значи дека го гледате најдоброто кај сите. Го носите вашето срце на дланка и без страв се впуштате во непознатото.

4. Давање комплименти

Многу луѓе самите се цензурираат за не изгледаат како премногу приврзани за некого. Но не и вие, вие сте автентични. Вие сте полни со ентузијазам. Вие правите другите да се чувствуваат добро бидејќи никогаш не штедите на комплименти. Вие ја ширите љубовта наместо да ја пригушувате.

5. Високи очекувања

Секогаш се притискате да направите повеќе. Секогаш се движите напред. Никогаш не сте задоволни онаму каде што сте, па поради тоа сте во постојан развој.

6. Интровертност

Колку повеќе време минувате сами, толку подобро ќе се познавате. Ова е еден од најважните чекори за достигнување на саканиот успех во љубовта и кариерата.

7. „Прегласно“ љубење

Некои луѓе никогаш нема да го ценат сето она што го правите за нив, но вистинската личност ќе се чувствува посебно што ве има во нејзиниот живот. Таа ќе го сака вашето меко срце и со гордост ќе ве покажува на другите.

8. Желба за учење

Можеби како мали правеле шеги на ваша сметка бидејќи сте биле бубалица, но сега вие сте тој што се шегува. Гордејте се со вашата интелигенција.

9. Простување

Понекогаш им простувате на погрешните луѓе. Понекогаш не требало да дадете втора шанса. Но, вашата волја да простувате е нешто навистина добро бидејќи така ќе научите да си простите и самите на себе. Можете да се разделите од вашето мрачно минато и да продолжите кон светлата иднина.

10. Мал круг пријатели

Вие сакате квалитет наместо квантитет. Имате само неколку пријатели, но тие би направиле сè за вас. Тие се пријатели што ќе ве поддржуваат и охрабруваат да го постигнете вашиот вистински потенцијал.

11. Транспарентност

Не треба да сакате да бидете личност која го лаже светот и се лаже себеси. Добро е што сте отворени. Добро е што сте искрени за вашите желби и соништа.

12. Необичност

Вие сте уникатни. Вие сте единствени. Вие не сте здодевни и предвидливи. Вие сте навистина убава и неверојатна личност.

Дали знаете кои „лоши“ карактерни особини можат да бидат добри за вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар