Како македонското спонтано музичко трио ДУПЕР всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

Како македонското спонтано музичко трио ДУПЕР всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

Дупер е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена. Борис, Мартина и Илчо сакаат сите да чујат за нив и да знаат кои се Дупер. Сакаат нивната музика да потсетува на нешто убаво, да асоцира на нив како трио. За нив, бендот значи дружба во пробувалната, менување на инструментите меѓу себе, место каде што нивните идеи и инспирација можат да ги преточат во парче музика од кое сите се задоволни. За нив, Дупер е забава, слобода, среќа. Еве ја нашата виртуелна кафе пауза, проследена со интервју со овој кул, кежуал, спонтан НАШ бенд.

Како македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

1. Откријте ни нешто за секој од вас? На која возраст сте, што студирате и како се формираше триото Дупер? Како се запознавте и собравте во еден кул бенд?

Борис и Мартина имаат 20, а Илчо има 21 година. Тројцата сме студенти, Борис e на економски факултет, Мартина на музичка академија, a Илчо учи психологија. Бендот е оформен во јануари, 2017 година кога Борис спонтано нѐ спои да свириме сите тројца заедно. Тоа беше воедно и првото запознавање на Мартина и Илчо.

Како македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

2. Со својата прва песна „Не сум твој тип“ успеавте да реализирате над 650.000 прегледи на Јутјуб досега. Дали ќе ја споделите со нас вашата „тајна состојка“ за успешен рецепт?

Супер-дупер, едноставно е, треба многу работа, внимание, трпение, дружење, иновирање, стискање палци, стискање заби, жртвување слободно време, одморање, неспиење итн.

Автори на текстот, музиката и аранжманот се самите Дупер, а зад снимањето, миксот и мастерот на песната стои Ангел Ќосев од студиото „Подрумот“. Видео записот е во режија на Томи Акимовски.

3. Ритамот на вашето првенче „Не сум твој тип“ е заразен, текстот е спонтано-романтичен, а спотот во кул станчето е минималистички, забавен и модерен – полн погодок од одлуки за успешен музички продукт. Дали го очекувавте или планиравте овој успех?

Тоа што го очекувавме и тоа што се случи се две неспоиви работи. Искрено, мислиме дека не постои стратегија за успех, бидејќи не знаеме ни кога нешто е успешно ниту како да дојдеме до тоа. Едноставно си ја сакаме музиката и многу веруваме во неа. Станот е инаку на наш пријател. Го одбравме бидејќи е минималистички уреден и многу ни одговараше на нашиот концепт за спотот. Идеите секогаш ги дискутираме со режисерот и доаѓаме до некој компромис, којшто на сите ни се допаѓа. Плус, во снимањето внесовме премногу ентузијазам, оптимизам и позитивност.

Како македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

4. Песната е вистинско освежување на македонското музичко небо. Последнава деценија практично и да немаме домашна музичка сцена. Што мислите дека е причината за овој проблем? Властите? Масовната застапеност на турбо фолк музиката?

Тоа што фали кај нас е повеќе храброст и истрајност. Факт е, условите не се сјајни, но сепак со работа може да се случат неверојатни нешта. Веруваме во тоа дека во моментов има нов бран на музика во Македонија. Сакаме повеќе млади да се приклучат на бранот и да создаваат. Исто така, треба да се престане со минирање на одредени жанрови на музика. Треба да има најразлична музика за луѓето да одбираат што да слушаат. На крајот на денот, се работи за различни вкусови.

5. Ок, млади сте, непознати бевте досега и направите бум со еден хит. Каде продолжувате од тука, па натаму? Во кој жанр планирате да се насочувате? Кои домашни и странски музичари ви се инспирација?

Продолжуваме кон многу нова музика, вежбање и концерти! Не сакаме жанровски да се ограничуваме, едноставно го правиме тоа што ни се допаѓа и нема да престанеме да експериментираме со звукот. Нашата нова песна „Тело за на ТВ“ е веќе излезена.

Музиката, текстот и аранжманот на „Тело за на ТВ“ се на Дупер, снимањето и мастерингот на „XL Студио Момироски“, во режија на Томи Акимовски.

  • Кул! Веќе имате 100.000 прегледи на Јутјуб за само 10-тина дена. You guys are on fire! 😀

6. Каде го гледате Дупер за 10 години од сега? Дали ќе направите сè за да успеете на нашите простори или во план сте да правите песни и на англиски јазик? Која е вашата животна пасија?

Не знаеме и сѐ уште немаме очекувања каде би биле за 10 години од сега. Живееме во моментов и се чувствуваме убаво. Она што може со сигурност да го кажеме е дека сѐ што мислиме, знаеме и сакаме да правиме, го пренесуваме во музиката на Дупер и од тоа нема да се откажеме. Сега за сега, сакаме да пишуваме само на македонски. Можеби во иднина ќе има песни и на англиски јазик, но сѐ во свое време.

7. Дали можеме да го очекуваме првиот албум на Дупер во некоја блиска иднина?

Спремаме албум. Очекувајте многу нова музика.

Како македонското спонтано музичко трио DUPER всушност стана толку СУПЕР? Дознајте која е нивната „тајна состојка“

8. За крај, кажете ни нешто повеќе за вашите хобија, каде шеткате, со какви профили на луѓе се дружите и зошто сакате да творите во Скопје?

Затоа што Скопје е нашиот омилен град. Сакаме да шетаме и да се дружиме низ Дебар маало, да возиме точаци низ град, да играме фудбаУПЕР и кошарка, да цртаме, дизајнираме, пееме, свириме…

Може да ве интересира и друга успешна македонска приказна, на Блаже Аризанов – писател и косопственик на успешна компанија во Индија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар