11 нешта што не ви дозволуваат да го живеете најдобриот живот

11 нешта што не ви дозволуваат да го живеете најдобриот живот

Можеби се храните здраво, вежбате редовно, внимателно ги одбирате вашите пријатели, но сè уште мислите дека ви недостига нешто. Понекогаш постојат мали нешта што не ви дозволуваат да го живеете најдобриот живот. Погледнете за кои станува збор.

11 нешта што не ви дозволуваат да го живеете најдобриот живот

1. Не чистите и се будите во неред

Во ред е понекогаш да бидете мрзеливи и да ги оставите садовите за некој нареден ден. Но нередот е како тули. Постојано додавате. Кога ќе го оставите нередот за наредниот ден или за викендот, не си создавате ништо друго освен стрес. Замислете си секое утро да треба да ја барате шолјата за кафе под купот садови. Можеби не е најлошото нешто, но ако можете да си олесните, зошто да не го направите тоа?

2. Се расправате за политика на Интернет

Многу луѓе ја споделуваат својата политичка определеност на Интернет. Ако некој ги нападне вашите верувања на Фејсбук или која било социјална мрежа, не давајте си задача да го образувате. Дури и да ве навредат, не сфаќајте ги коментарите премногу сериозно. Никој нема да го промени мислењето поради една Фејсбук дебата. Овие расправи само ќе ви предизвикаат стрес, па најдобро е да ги избегнувате.

3. Следите негативни луѓе на социјалните мрежи

Едноставно избришете ги луѓето кои не придаваат вредност во вашиот социјален живот. Ако немате никаква интеракција надвор од социјалните мрежи, тогаш и не станува збор за пријател. Ако лошо ви влијаат постојаната негативност, политичките коментари и објавите на некоја личност, најдобро е да ги избришете од листата на пријатели.

4. Чувствување вина бидејќи сте ставиле нешто на кредитната картичка

Животот на младите денес е многу потежок. Заглавени се во долгови, живеат од плата до плата, но сè уште сонуваат и се надеваат дека ќе го постигнат посакуваното. Да живеете сами може да биде навистина скапо. Но ако навистина сакате да пробате или да видите нешто, одвреме-навреме дозволете си. Често одложуваме работи бидејќи не можеме да си ги дозволиме или бидејќи немаме време. Животот нема да ги следи вашите планови. Ако сакате да направите нешто, направете го.

5. Неискреност со пријатели, семејство и колеги

Пријателите се расправаат, а ако поради некоја расправа заврши пријателството, можеби треба да размислите дали било вистинско. Потребно е да очекувате сите да имате разни вредности, цели, искуства и стравови. Не плашете се и кажете му на соговорникот како се чувствувате и дали сте биле повредени од неговите зборови. Дозволете му и тој да го направи истото. Искреноста ќе направи да се чувствувате подобро, а ако соговорникот не може да се справи со тоа, целата ситуација била прикриен благослов.

6. Непотребно го мразите вашиот изглед

Какво добро ви прави оваа негативност? Вашето тело поминало низ многу. Можеби сте имале некоја болест, можеби сте минувале низ тежок период, можеби сте јаделе премногу или премалку. Имајте на ум дека здравиот живот е важен, но никогаш немојте да го мразите вашето тело поради неговиот изглед.

7. Премногу одложувате

Дајте си 5 минути и вратете на повикот, одговорете на пораката или купете го нештото што одамна ви треба. Одложувањето само го продолжува стресот. Извршувањето на вашите обврски во моментот кога ќе се појават, без разлика дали станува збор за закажување козметички третман или пишување имејл, навистина ќе ви го олесни животот.

8. Одложување на хобијата за доцна навечер

Денес сите сме премногу зафатени. Поминувате поголем дел од денот на работа, подготвувате храна, го чистите домот и на крајот на денот сте премногу уморни за да цртате, пишувате, читате или што било што ве релаксира. Размислете што би се случило ако првото нешто што ќе го направите кога ќе се вратите од работа е поврзано со вашето хоби? Зарем мора веднаш да го чистите домот или да правите вечера? Одвреме-навреме ставајте ги вашите потреби пред оние на другите. Ова е клучно за вашето ментално здравје и за вашата среќа.

9. Претплата на многу места со вашиот имејл

Ако ви се допаѓа некоја компанија, големи се шансите да ја следите на Фејсбук или на Инстаграм. Тогаш сте во тек со новите производи и попустите. Но, кога ќе се претплатите и кога ќе следите многу нешта, ќе добивате премногу имејлови кои воопшто не ви се потребни. Доволно е да ги следите компаниите на социјалните мрежи. Нема потреба да го имаат вашиот имејл.

10. Не сте искрени со вашите емоции

Како што треба да бидете искрени со пријателите, семејството и колегите, потребно е да бидете и искрени со себе. Здраво е да признаете кога се чувствувате тажно и во ред е да одбиете покана ако не ви се излегува. Ако имате проблеми во врската, кажете. Споделете ги и решете ги. Без разлика како се чувствувате, имајте на ум дека емоциите не се погрешни. Оваа искреност ќе ви го направи животот многу полесен, а воедно ќе ја добиете и потребната помош.

11. Извинување

Постои разлика помеѓу видовите извинувања. Извинете се само ако навистина го мислите тоа или ако навистина сте повредиле некого. Извинувањето за да ја средите ситуацијата или поради стрес само ќе направи да се чувствувате како жртва. Нема потреба да се извинувате ако се чувствувате повредени или запоставени. Размислете колку често го кажувате овој збор. Можеби ако престанеме да се извинуваме за покажување емоции, светот би бил многу подобро место.

Прочитајте ги и вистините за исполнет живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар